Вага 24.9.-23.10.

Работа: Препорака е денеска да го дадете својот максимум на работа. Одговорностите кои ги имате треба да ги сфатите сериозно.

Љубов: Ќе успеете да остварите подобар однос со партнерот и ќе бидете задоволни.

Здравје: Генерално добро.

 

Шкорпија 24.10-22.11.

Работа: Очекувајте позитивен ден во текот низ кој ќе успеете да решите доста заостанати обврски.

Љубов: Дистанцата меѓу вас и саканата особа се зголемува и се потешко ви паѓа тоа што гледате дека се ближи крај.

Здравје: Проблеми со грбот и кичмата.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Работа: Не е поволен ден за патувања или било какви ризици. Може да дојде до некои потешкотии на ова поле.

Љубов: Ви се допаѓа личност која на некој начин е неискрена кон вас.

Здравје: Порблеми со циркулации.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Работа: Вложувате голем напор во својата работа и многу ви е важно на ова поле да го остварите својот максимум.

Љубов: Не сте сигурни во своите емотивни избори и некогаш ви се чини дека сте требало да донесувате поинакви одлуки.

Здравје: Солидно.

 

Водолија 21.1.-19.2.

Работа: Можно е на работното поле да имате мали кочници и ќе ви треба доста време да ги решите.

Љубов: Саканата личност ќе покаже дека искрено ви сака вашиот однос да напредува.

Здравје: Бубрезите ви се чувствителни.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Работа: Можно е денеска да имате проблеми во комуникацијата со соработниците и дека ќе наидете на неодобрување.

Љубов: На ова поле ве очекува добар однос со личност која ќе покаже дека и значите.

Здравје: Пад на имунитетот.

 

Овен 21.3-20.4.

Работa: Наклонети сте кон правење на мали грешки кога е во прашање работа, па би требало да се потрудите тоа да го избегнете.

Љубов: Можно е многу лесно да се впуштите во флерт со нова личност која ќе ги покаже своите чувства.

Здравје: Чувствителни сте на полето здравје.

 

Бик 21.4- 20.5.

Работа: Ве очекува многу добра работна шанса која може да ја искористите за да напредувате во иднина.

Љубов: Се двоумите и не сте сигурни која одлука на полето љубов треба да ја донесете. Дајте си себе време.

Здравје: Проблеми со грлото.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа: Имате впечаток дека во работното опкружување постои некоја личност која е против вас и вашиот успех.

Љубов: Не ви се допаѓа што саканата личност покажува голема доза на љубомора.

Здравје: Генерално добро.

 

Рак 22.6-22.7.

Работа: Денешниот ден ви е поволен за да прифатите некои проекти кои ве чекаат одамна.

Љубов: Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни на кој начин треба да се поставите за со саканата личност да ги остварите своите цели.

Здравје: Нервна напнатост е нагласена.

 

Лав 23.7-22.8.

Работа: Ако сте планирале соработка со личност од историјата може да бидете задоволни од денешниот ден.

Љубов: Ако сте слободни ви следува ново познанство. Зафатените Лавови ќе бидат задоволни.

Здравје: Можна вртоглавица.

 

Девица 23.8.-23.9.

Работа: Ве очекува малку тежок ден во текот низ кој нема да ви биде едноставно да ги решите сите проблеми и компликации.

Љубов: Партнерот отворено ќе ви покаже дека сака да биде во долга врска со вас.

Здравје: Потребен ви е одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.