Младата месечина ќе се случи точно еден ден по почетокот на владеењето на Стрелец, на 23-ти ноември во 23 часот и 57 минути. Еве кому ќе донесе најмногу среќа…

Овен

Вашата владејачка планета Марс можеби е во ретроградна, но оваа огнена месечина ќе ви врати малку моќ. Вашиот ум се активира, инспирирајќи ве да се фокусирате на вашите пошироки интереси и филозофски верувања. Можеби ќе откриете дека сакате алтернативни перспективи или нови искуства кои можат да ви помогнат да ја напуштите вашата секојдневна рутина и да го проширите вашиот начин на размислување. Излезете од вашата комфорна зона…

Бик

Минатиот месец беше месец на затемнување што го потресе вашиот свет и го преврте наопаку, така што оваа млада месечина е добро време да се соочите со вашите внатрешни демони. Прилагодувањето на големите животни промени ќе направи да се чувствувате ранливи, но поставете граници таму каде што сметате дека се потребни. Дајте си простор и енергетска заштита што ви е потребна за да ги процесирате вашите чувства. Бидете отворени за истражување на секој можен начин.

Рак

Ви станува прилично досадно во вашата секојдневна рутина, нели? Секојдневно ги правите истите работи, но младата месечина ќе ве инспирира и потресе. Обидете се малку да го промените распоредот и рутината, бидете малку спонтани. Променете ја рутата по која одите до работа, испробајте физичка активност што никогаш не сте ја направиле или закажете кафе со пријател што не сте го виделе долго време. Ако ги промените вашите навики, ќе го промените вашиот живот.

Лав

А Лавовите можат да очекуваат искри во животот и возбудлив наплив на инспирација, романса и радост благодарение на младата месечина. На љубовно поле можете да очекувате забавни и возбудливи пресврти, а може да забележите и дека сте покреативни од вообичаено.

Девица

Фокусирајте се да внесете што е можно повеќе забава во вашиот дом и семеен живот со тоа што ќе организирате спонтано дружење во вашето место или ќе подготвите специјален оброк само за вашите најблиски. Ова е исто така добро време да го разубавите вашиот животен простор со нов декор.

Вага

Соберете сила да си ги исповедате своите соништа и желби за време на младата месечина. Оваа лунарна фаза носи духовитост, спонтаност и магија во вашата комуникација, давајќи ви можност храбро да кажете што точно мислите. Ќе имате неколку инспиративни разговори со луѓето околу вас, оставете ги вашите идеи да бидат изразени. Колку повеќе ја кажувате својата вистина, толку повеќе ќе привлекувате енергија што одговара на вашата.

Шкорпија

Изминатиот месец беше прилично брутален за Шкорпиите, а затемнувањата што се случуваа беа особено моќни за вас. За среќа, младата месечина носи толку многу изобилство во вашиот живот што можеби ќе можете да вратите дел од енергијата што сте ја изгубиле за време на тие внатрешни борби. Во моментов, имате можност да го зголемите вашиот приход и значително да го зголемите вашиот готовински тек, затоа бидете храбри во барањето за она што знаете дека го заслужувате.

Стрелец

Младата месечина доаѓа исто како што започнува вашето владеење, па прво: среќен роденден! Веројатно вашата енергија веќе тече и секакви можности тропаат на вашата врата. Ова за вас е еден од најмоќните манифестациски моменти во годината, затоа бидете оптимисти и визуелизирајте.

Јарец

Деловниот живот е важен, особено за вашиот хороскопски знак, но оваа лунарна фаза на забава служи да ве потсети дека и вие заслужувате да уживате во мирен период. Сега има многу духовни будења, но ќе можете да уживате во нив и да ги развивате ако си дадете простор што ви треба за истражување. Исчистете го распоредот за малку осаменост во ноќта на младата месечина за да можете да ги наполните батериите и да ја прифатите вашата духовна страна.

Водолија

Сезоната на затемнување беше особено груба за вас, но оваа поволна месечина ќе направи повторно да се чувствувате слободоумни и енергични. Во вашиот социјален живот дува возбудлив ветар на промени, па затоа е одлично време да излезете и да се поврзете со другите. Новите пријателства цветаат и соработките доаѓаат во фокусот, затоа прифатете ја тимската работа и останете отворени за нови познанства.

Риби

Младата месечина им носи изобилство на Рибите. Ќе има многу деловни можности, а вашите таленти само чекаат да се видат. Покажете се пред светот. Рефлекторите ве чекаат да заземете централно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.