Ноември е шармантен месец во кој владеат Шкорпијата и Стрелецот.

Освен полната Месечина во Близнаци, конечно почнува директниот од на Марс, Меркур и Нептун, што ќе направи да се чувствуваме подобро и порелаксирано.

Ова ќе биде особено убав месец за 3 хороскопски знаци.

Овен

Ова ќе биде месец кога ќе успеете да ги видите работите од сосема поинаква перспектива. Тука лежи вашата моќ овој месец. Ако постои нешто што научивте оваа година, тоа е дека ништо не останува исто и дека сите работи се подложни на промени. Директното движење на Марс ви носи нови перспективи, но и малку повеќе адреналин од вообичаено.

Планетарните транзити ќе направат да посакате да ги соберете плодовите од својот труд, а овој ноември е посветен на тоа да направите чекори напред без каење и да тргнете кон тоа што одамна го посакувате. Можеби ќе успеете и да научите нешто ново во сето тоа.

Стрелец

Дали сте подготвени за својот роденден, драги Стрелци? Тој полека пристигнува, а Јупитер е тука да ви помогне да го откриете својот потенцијал. Време е да тргнете кон среќата која ја заслужувате, а и одамна ја посакувате.

Финансиите се подобруваат, а ако имате професионални планови, добро е прво да ги скриете од другите пред да ја започнете нивната реализација. Полната Месечина во Близнаци ќе ви донесе крај на една приказна од која морате да се ослободите за да успеете да најдете среќа во љубовта. Верувајте и на својата интуиција.

Риби

Пробајте да ги дофатите ѕвездите. Сонцето е во вашата куќа на можности и верба, па така ќе успеете да гледате на своите желби со силна самодоверба и јаснотија.

Останете приземјени, можни се промени кои не ги очекувате, а кои ќе ве изненадат особено околу лунарната еклипса. Сè е можно овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.