Доаѓаме до ретроградниот Марс во Овен и тоа за прв пат по далечната 1988 година. Марс се движи ретроградно во својот знак велејќи ни дека е време да го направиме тоа од што највеќе се плашиме.

Ако изминатиот месец чувствувавте некаков бес насочен кон другите луѓе, тоа е нормално. Но, по 10 септември почнуваме да се вртиме кон себеси. Ги проценуваме сопствените способности, сила, почнуваме да се сомневаме во себе и наоѓаме огромна сила за да продолжиме напред.

Но, бидете внимателни. Бидете храбри, но не влегувајте во нови проекти, нови приказни и нови врски. Ретроградните планети повикуваат на интроспекција и самопроценка. Во тишина. Не пробувајте да почнете нешто ново, а големо. Ќе наидете на ѕид.

Наредните неколку месеци ќе бидат обоени со прашањето: Ќе заврши ли ова, ќе се ослободам ли некогаш од товарот? Како да најдам сила и енергија во себе за да ги истуркам работите до крај? Ваквите прашања ќе се јават на сите полиња.

Не заборавајте дека оваа година носи крај на многу големи нешта. Но, за крајот е посебна сила. Истото се однесува и на новите почетоци. На крајот на сето ова, ќе знаеме кои приказни се позади нас засекогаш. Марс во своето ретроградно движење нè учи дека некои порази мораат да се прифатат, иако можеби тоа ќе се случи на потешкиот начин.

Можно е да се соочите со големи фрустрации особено за оние работи кои не одат одамна. Затоа е време да погледнете во себе и да се ослободите од она што не функционира. Начинот на кој ја користиме нашата сила е многу поважен од самата сила.

Особено бурни датуми ќе бидат 9 септември, од 28 септемрви до 1 октомври, од 7 до 12 октомври и 14 ноември.

Теми што ќе бидат важни за секој знак и аспекти што ќе бидат засегнати:

Овен – здравје, изглед

Бик – нерешени прашања од минатото, одмор, стравови и недоверба

Близнаци – пријателство, кариера

Рак – кариера, односи со авторитети, љубов

Лав – патувања, образование, правни проблеми

Девица – сексуален живот, туѓ имот или пари, долгови

Вага – партнерства, брак

Скорпија – здравје, услови за работа, односи со колегите

Стрелец – љубовен живот, однос со деца, пријателство

Јарец – семејство, дом, здравје

Водолија – комуникација, браќа и сестри, учење, односи во околината

Риби – пари, заработка, работа

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.