На 23 јули започнува сезоната на харизматичниот Лав, што значи дека е време за поинаква енергија.

Овој период има за цел да нè потсети на нашата моќ, но и да ни донесе харизма и задоволство. Страста е главната сила која ги води Лавовите напред, а таа ќе им помогне на сите хороскопски знаци да тргнат по она што им значи во животот.

Лавовите се сметаат за едни од најсреќните знаци во хороскопот, а таквата енергија ќе биде почувствувана за време на нивната сезона. Време е да се потсетиме колку вредиме, што сакаме и да бидеме во центарот на вниманието.

Дури и да сте интровертни личности кои не сакаат да се во центарот на вниманието, оваа сезона ќе ви помогне да блеснете, а посрамежливите личности ќе можат да излезат од својата школка и да му покажат на светот што умеат.

Но, внимавајте – Лавовите знаат да бидат и драматични па можни се и драми во вашите пријателства и љубовни врски. Можно е да се занесете со своето его, заборавајќи на чувствата на другите.

Сезоната на Лавовите нè носи на главната сцена, онаму каде што припаѓаме со сите наши свои желби и соништа. Време е да пробаме нови фризури, нови алишта, да сретнеме нови луѓе и едноставно да бидеме автентични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.