Младaта месечина се очекува на 11 мај во вредниот и амбициозен знак Бик. Оваа енергија нас не поттикнува да се насочиме на нашите цели и да бидеме практични во спроведувањето на своите одлуки – без обѕир дали станува збор за љубовта или работата.

Енергијата на младата месечина секогаш е поволна за поставување на лични цели и започнување на нови зафати.

Во овој период се чувствува дека универзумот ве поддржува, а особено така ќе биде со овие три хороскопски знака.

БИК

И сонцето и месечината ги здружуваат силите, па ова ќе биде сјаен момент да се фокусираат на своите најголеми желби. Биковите нека се насочат кон своите соништа и да не се грижат за ништо. Мотивацијата во овој период ќе извира насекаде од луѓево во овој знак и истите не треба да се плашат да излезат од зоната на комфорот.

ЛАВ

Луѓето родени во овој знак се многу страствени и упорни во текот на младиот месец, а тоа очигледно добро ќе се одрази на нивната кариера. Тие имаат прилика да направат нови и возбудливи потези на професионален план. Тие треба да бидат разумни во текот на овој месец и треба да знаат дека овој месец ги очекува неочекувана прилика за да застанат на патот на успехот.

СКОРПИЈА

Најголемата среќа овој знак го очекува во љубовта. Динамиката на односот на овие знаци ќе се менува, а искрените разговори и отворените покажувања на емоциите ќе помогнат да ги решат сите проблеми од минатото. На работа овие знаци ги очекува успешни инвестиции и нови сознанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.