Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење, било да се решите за прошетка во двојка, а можеби само на кафе со пријателите.

Кариера

Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат, но прво причекајте да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Не се замарајте со ситни работи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не сакате да бидете здодевни, но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни.

Кариера

Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки.

Здравје и совет

Нервози и грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност, но ќе бидат необјективни во одлуките.

Здравје и совет

Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат.

Кариера

Додека се одморате во мирот на својот дом, во главата си замислувате како работите на друга позиција.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики.

Кариера

Не се двоумете околу вложување енергија во работата. Секој труд кога – тогаш ќе се исплати.

Здравје и совет

Не може ништо да се прескокне.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем, кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Освен што сте професионални, ќе покажете и дека сте одличен психолог, со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните методи.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ако се чувствувате осамено, побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас.

Кариера

За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа, а другите ќе поминат вообичаен работен ден.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Јасна е вашата добра волја и оптимизам, но кога околностите и не ви одат од рака, ви останува да бидете малку потрпеливи.

Кариера

Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста, уметноста или декорирањето.

Здравје и совет

Поченете да спортувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.

Кариера

Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен на соработка.

Здравје и совет

Верувајте им на другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.

Кариера

Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас  па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи .

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.


Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично, а разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Мали главоболки.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе добиете покана за излегување, каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи.

Кариера

Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте.

Здравје и совет

Преспијте пред одлуката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.