Овен
Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу убави настани оваа недела. Склони сте кон флерт многу повеќе од вообичаено затоа што Венера е и понатаму во вашиот знак. Има услови да потрошите многу пари, па затоа би било добро да размислите што ви е навистина потребно.

Оваа недела е одлична можност да купите работи кои одамна сте ги планирале, без разлика дали се работи за облека или за работи во домот.
Можно е кратко патување во текот на викендот. Бидете внимателни со информациите за своите планови кои ги споделувате со останатите.

Бик
Очекувајте финансиски прилив. Оваа недела не претерувајте со работата бидејќи нема да имате доволно енергија за се што сте намислиле.
Љубовта е тука, само треба да погледнете околу себе. Се чувствувате одлично и добивате комплименти од другите луѓе. Можни се недоразбирања со партнерот околу некои ситни детали, но обидете се да ги решите што поскоро.

Размислете два пати пред да се доверите некому. Сега е најдобро време да задржите за себе се што планирате.

Близнаци
Оваа недела можеби ќе имате промена на работа која не сте ја очекувале. Важно е да ги испочитувате роковите. Очекувајте преку пријателите да добиете некоја нова покана за работа.
Романтичните разговори со партнерот може да го подобрат вашиот однос. Слободни, одамна ви се допаѓа некоја личност. Можно е да влезете во тајна врска, па затоа ако тоа не ви се допаѓа- поубаво и да не започнувате.

Оваа недела е совршена за спортување.

Рак
Излезете од зоната на комфор. Погледнете ги своите проблеми од друга перспектива затоа што е навистина важно да најдете решение за истите.

Обидете се да се организирате подобро за да имате повеќе слободно време бидејќи оваа недела имате помала мотивација за работа. Вклучете се во работата. Доколку немате работа прашајте ги пријателите дали можеби имаат некоја понуда за вас. Ако сте вработени и ви се пружи прилика за напредување- не се двоумете, прифатете ја.
На повидок е ново познанство преку пријателите, а ако сте веќе во врска- се е во најдобар ред.

Лав
Обидете се да ги завршите сите обврски на време. Што и да направите ќе биде добро за вас, бидејќи нема да ги одложувате обврските и така ќе бидете под помал стрес.

Не ги повторувајте грешките од минатото на полето на љубовта. Не се навраќајте на старите приказни. Преку работата ќе запознаете некоја интересна личност која ќе ви го привлече вниманието. Ако сте зафатени, сега и совршен период да одите со партнерот на некое патување.

Девица
Оваа недела сте склони кон уживањето повеќе од вообичаено. Не ги запоставувајте обврските, бидете поодговорни. Ова е недела за нови почетоци, па размислете што сте одложувале до сега. Нема потреба од нервози ако работите не одат како што сте замислиле.

Грешките нема да бидат толерирани од страна на надредените. Бидете ефикасни, но и внимателни.
Може ќе запознаете личност која многу ќе ви се допадне. Оваа недела сте постраствени од вообичаено.

Вага
Соработката со луѓето со кои претходно сте соработувале е многу добра, но можете да имате и нови соработници.

Можни се некои непријатни разговори со личности од минатото. Ако сте во врска, можете да се изненадите од запознавањето со личност која е токму по ваша мерка.
Не трошете премногу пари, платете ги сите сметки на време. Оваа недела за вас е недела на уживање, но бидете умерени во се.

Скорпија
Потребна ви е подобра организација. Оваа недела е одлична за нова соработка. Амбициозни сте. Ќе ви годи секоја промена на работното место.
На повидок е запознавање со интересна личност. Ако сте зафатени, врската ви е совршена.
Обидете се оваа недела да ги завршите работите кои постојано ги избегнувате.

Стрелец
Некои личности можеби ќе ве вознемират. Не позајмувајте пари на други луѓе. Оваа недела е одлична за купување на техника.
Можно е ново познанство. Соработка со личност од странска фирма е можна или пак со личност која живее подалеку од вашето место.

Комуникацијата е важна без разлика дали сте слободни или не. Премолчете некои работи за да нема конфликти во врската.

Јарец
Не сте задоволни со својата заработка. Сакате многу пари, но потребна ви е подршка и помош од другите луѓе. Поспори сте од вообичаено.

Насочете се кон забава или спорт.
Најдете нешто интересно и забавно во работата или правете нешто што сакате. Не си правете притисок ако работите не ви одат толку брзо колку што сакате, имајте трпение.

Водолија
Бидете упорни во остварувањето на плановите кои сте ги замислиле одамна. Не бидете емотивни на работа, променете го начинот на кој работите и се ќе ви биде полесно.
Посветете се на семејството, преуредете го домот- секоја промена е добра. Тоа ќе биде многу интересна активност за вас. Некои пари кои одамна ги очекувате можете да ги добиете токму во оваа недела.
Оваа недела не е добра за почеток на врска, посветете се на себе. Зафатени, поработете на комуникацијата со партнерот.

Риби
Многу актуелни ќе бидат добрите прилики на работа. Можен е прилив на пари. Нема да можете да завршите толку работи колку што прилики за напредок ќе имате. Бирајте соработници кои се ефикасни.

Оваа недела не е добра комуникацијата со партнерот. Поработете на тоа и не бидете премногу директни. Ако сте слободни, можеби ќе стапите во контакт со интересна личност која многу ќе ви се допадне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.