Сезоната на Близнаците почнува на 20 мај и трае до 21 јуни. Истовремено нè очекува и влијанието на три ретроградни планети, помрачувањето на Месечината и квадратот на Уран и Сатурн. Ова е космички период на раст, обновување и нови чекори. Со оглед на двојната страна на Близнаците, на момент ќе размислувме на сегашноста, а можеби ќе се загледаме и во иднината.

Ова е период кога ќе откриеме нови видици, но и ќе осознаеме нови можности за личен раст. Останете поврзани со својата интуиција и послушајте ја секогаш кога не знаете што да одлучите.

Кога Сонцето влегува во Близнаци на сите ќе ни биде полесно да комуницираме, да се избориме за она што ни значи и да ги прославиме победите. Но, на 23 мај ни пристигнува ретроградниот Сатурн кој нè потсетува на настани од септември 2020 и нè поттикнува да размислуваме за одлуките кои ги имаме донесено оттогаш и да преземеме одговорност за она што се случува во нашиот живот. Ова е период кога вежбаме трпение и преземаме одговорност за сите свои постапки. Ако имате некои работи кои треба да ги решите, бидете трпеливи.

На 26 мај ни пристигнува помрачувањето на Месечината, која овој период се нарекува крвава месечина, а тоа се случува во Стрелец. Ова е ретка појава која силно ќе влијае на нашите животи, особено на енергијата која ја чувствуваме тој период. Оваа полна месечина има црвенкаста нијанса и е симболички процес на ново раѓање, учење и растење. Иако ова помрачување може да предизвика многу стравови и несигурности, ова е момент за напредок.

На 29 мај нè очекува и ретроградниот Меркур кој влегува во својата втора ретроградна фаза оваа година, а овојпат во знакот Близнаци. Време е да направиме пауза, да размислиме за следните потези и да се оттргнеме од минатото. Ова е период кога треба да бидеме внимателни во сообраќајот, со парите и потпишувањето договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.