Бик
Жените родени во знакот на Бик важат за многу мудри и многумина нив ги прашуваат за совет. Кога мажите се во прашање, покрај себе сакаат човек кој во се’ ќе им одговара, кој ќе биде интелигентен и стабилен. Тие многу внимаваат на почит, секогаш се на “штрек“ и кога ќе забележат дека некој сака да манипулира, многу брзо реагираат.

Овен
Тие многу рано стануваат исклучително самостојни. Тие знаат што сакаат од живот и ќе пронајдат начин да дојдат до тоа, но не дозволуваат било кој да им застане на патот. Покрај себе сакаат амбициозен маж, кој е подготвен за давање совети.

Девица
Тие се најголемите љубители на мир и спокој и не дозволуваат било кој да им го одземе она во кое уживаат. Многу се амбициозни, а во работата го даваат својот максимум и имаат отворен однос со сите. Ако некој им прави нешто позади грб, ќе го “пресечат“ во корен. Покрај себе сакаат личност кој е слична на нив и е подготвена во целост да ги разбере и поддржи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.