Кога ќе се спомне сила, моќ и издржливост, многумина прво би помислиле на тврдоглавиот Овен, но во зодијакот има многу посилни претставници од него, како Бикот кој има неверојатни енергетски резерви и тргнува во јуриш кога најмалку ќе го очекувате.

Можеби ќе се изненадите, но Ракот спаѓа меѓу најсилните знаци и тоа е најизразено кога се во прашање домот и семејството. Тука за нив нема компромис и подобро е да не им застанувате на патот.

Девицата е стрплива и одмерена, но е најмоќна кога станува збор за прецизност и издржливост.

Јарецот е трпелив, добар дипломат и стратег, но кога ќе избијат емоциите (и тоа најчесто непредвидливо), тој напукнува по рабовите. Точно е дека може да ги надмине сите тестови на издржливост и сила во сите области, освен кога станува збор за емотивниот товар.

Скорпиите се едни од најсилните знаци во зодијакот. Нивната сила се состои во челичните нерви и непопустливоста. Но, исто така се и најсурови и нивната победа не е секогаш за „поголемото добро“.

Иако Скоприите се фантастични борци, Лавот е сепак најсилен и наедно најсреќен знак. Моќта и силата на Лавот се состојат во неговата огромна самоувереност. Тие се гледаат како родени победници и тоа ги прави нивните непријатели ранливи уште пред да влезат во двобој. Вистината е она што Лавот го смета за вистина. Центарот на светот е таму каде што е Лавот и неговата публика која му ја дава силата. Лавот прави сѐ грандиозно и театрално, но неговата „Ахилова пета“ се ласкањата што може да му се удрат од глава.

На врвот со Лавот е и Стрелецот, а неговата силе се состои во тоа што може 100 пати да пропадне и секогаш има сила да се крене од пепелта како феникс и да почне одново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.