Бик

Биковите често веруваат дека се подобри од другите луѓе и дека заслужуваат повеќе работи во животот. Сметаат дека она што го прават за да ги постигнат своите цели е целосно оправдано, затоа што тие го заслужуваат тоа. Често се добри манипулатори, но најголемата нарцисоидна карактеристика им е тоа што можат да ги наговорат другите да прават работи кои инаку не би ги правеле.

Лав

Лавовите за себе имаат најдобро мислење и често се однесуваат како да се единствени во светот. Иако покажуваат дека имаат огромна самодоверба, всушност се многу несигурни во себе, што е една од карактеристиките на нарцисоидните луѓе. Лавовите ќе направат сè за да ги постигнат своите цели и да ги задоволат своите желби, дури и ако повредат некој во процесот.

Шкорпија

Ако Шкорпијата е со добра волја, таа нема да покажува нарцисоидни карактеристики. Но, ако е повредена или предадена, станува многу сосредоточена на одмазда, без обѕир на тоа кого ќе повреди. Шкорпиите можат да бидат многу ладни и секогаш ги калкулираат сите свои потези. Често не гледаат колку е погрешно да се искористуваат луѓето за сопствени цели.

Водолија

Водолиите се инаку многу независни личности, но таа независност може да стане сериозен проблем кога не размислуваат за ништо друго освен за своите сопствени желби и потреби. Тие сакаат да им помогнат на другите луѓе, но само ако не се вложени премногу чувства во тоа. Понекогаш ќе ги искористат луѓето за своја корист и ќе прават добри дела само поради вниманието на останатите.

Девица

Девиците имаат барем една нарцисоидна карактеристика – често сметаат дека се најинтелигентните личности во просторијата. Имаат многу големо мислење за себе, но имаат и податоци кои го потврдуваат тоа бидејќи обожуваат да истражуваат. Исклучително се паметни, што им помага во лажењето и тежнеат кон совршенство, што често ги прави арогантни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.