Во периодот околу Нова година, секогаш се прашуваме што сме постигнале во претходната и што сакаме да постигнеме во следната. Носењето одлуки е лесно, иако понекогаш не е ни приближно онака како што сме планирале. Да се постави конкретна цел на хартија е многу важно. Кога знаеме што сакаме, можеме да работиме на тоа да го оствариме.

Еве неколку новогодишни одлуки кои секој хороскопски знак би требало да си ги зацрта за себе.

ОВЕН

Повеќе обрнувајте внимание на луѓето околу себе, внимавајте на трошењето пари и завршувајте ги работите што сте ги почнале. Имајте помалку побарувања и немојте толку многу да се карате.

БИК

Трудете се да создавате нови работи и да прифаќате промени. Имајте повеќе самодоверба и слушајте ги луѓето околу себе. Престанате да наоѓате изговори и немојте да се самосожалувате.

БЛИЗНАЦИ

Повеќе фокусирајте се на квалитетот на задачите кои ги извршувате и слободно дозволете им на луѓето да ви се приближат. Помалку осудувајте ги другите околу себе и не ги исфрлајте толку лесно од животот.

РАК

Научете да ги прифатите работите кои не можете да ги промените и бидете пооптимистични. Не се наметнувајте толку и престанете се преоптоварувате со тоа што прават другите.

ЛАВ

Повеќе верувајте во своите способности и научете се да се тргате од лоши влијанија. Помалку грижете се затоа што така често ќе си наталожувате стрес.

ДЕВИЦА

Трудете се почесто вербално да се изразувате. Помалку трудете се ги контролирате работите на кои не можете да влијаете.

ВАГА

Треба повеќе да се фокусирате на решавање на приватните проблеми и ситуации затоа што често ги ставате во втор план. Не се плашете да кажете „НЕ“.

СКОРПИЈА

Морате да имате повеќе разбирање пред да донесете драстична одлука. Обидете се да бидете поотворени кога се вашите проблеми во прашање, така сигурно некој ќе ви помогне.

СТРЕЛЕЦ

Повеќе обрнувајте внимание на туѓите чувства (вие се грижите за луѓето, но имате проблем да го покажете тоа). Обидете се да не бидете прегруби искажувајќи го вашиот став.

ЈАРЕЦ

Обидете да заборавите на повредените чувства, ќе ви биде подобро на долги патеки. Не се сомневајте толку во себе и не се плашете дали луѓето ќе ве повредат.

ВОДОЛИЈА

Слободно прифатете помош кога ви е потребна, особено од саканите. Помалку спротиставувајте им се на луѓето кога не може да биде онака како што баш вие сакате.

РИБИ

Обидете се да бидете стрпливи кога другите не ве разбираат. Помалку плашете се од самотија, оние на кои им значете секогаш ќе бидат тука за вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.