Во секојдневната комуникација јасно може да се забележи дека одредени луѓе многу повеќе сакаат да доминираат од други, а ако ги прашувате астролозите, најдоминантните луѓе, кои и се најкомплицирани за во врска, се кријат меѓу овие хороскопски знаци:

Рак

На прв поглед, припадниците на овој знак се повлечени и грижливи личности. Но, нивната повлеченост трае онолку колку што им е потрбно за да го „опипаат“ теренот. Станува збор за луѓе кои сакаат да бидат доминантни и забележани, а во животот се водат исклучиво по сопствените емоции.

Иако понекогаш делуваат како личности на кои им недостасува самодоверба, вистината е сосема поинаква. Еднаш кога ќе ги запознаете, ќе станете свесни со колку самодоверба располагаат, па не е чудно што често имаат потреба да бидат главни во друштвото.

Овен

Ако се дружите со припадниците на овој хороскопски знак, може да бидете сигурни дека секогаш потполно искрено ќе ви кажат сè што мислат, без оглед на тоа дали вистината ќе ве заболи.

Овните уживаат во авантури, во откривање нови места, но и истакнување во друштво, па не е чудно што доминантноста им е една од главните карактерни црти.

Шкорпија

Луѓето кои ги опкружуваат често кон нив чувствуваат стравопочит токму поради доминантноста со која зрачат. Во повеќето случаеви не ги интересира туѓото мислење и апсолутно се сигурни во исправноста на своите зборови и постапки, дури и кога сите околу нив веруваат дека прават нешто погрешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.