Младата месечина носи нов почеток, но оној што ве чека на 13 март ќе биде особено емотивен и романтичен. За време на младата месечина ќе се соочиме со интензивни чувства, но некои хороскопски знаци ќе се справат полесно со овој бран емоции во споредба со други, а овие 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни.

Рак

Младата месечина ви носи голема среќа. Иако секогаш играте на сигурно, овој пат сте подготвени за авантури и нови искуства. Ова е идеално време за зајакнување на вашата ментална и духовна страна.

Планирајте патувања во иднина, посветете се на некое ново хоби, започнете да учите нов странски јазик или потсетете се на старите вештини. Време е да ги гледате вашите идеи како идеални можности за раст и напредок.

Енергијата на младата месечина буди имагинација, креативност, но и способност да ги манифестирате вашите соништа.

Скорпија

Периодот на младата месечина во Риби е еден од најпријатните моменти за вас во 2021 година. Креативната инспирација ве охрабрува да ги разбудите вашите таленти. Поезија, музика, дизајн, пишување – сè што има врска со уметноста и естетиката ќе ви оди од рака.

Ве очекува романтичен период што може да ви донесе поврзување со некоја личност која е слична на вас. Ако сте во врска, ќе ја обновите интимноста.

Ќе имате разиграна енергија, а тоа ќе ви помогне да се одморите од сите тешки чувства што ви се насобрале во изминатиот период.

Риби

Искористете ја максимално енергијата што ви ја носи младата месечина. Работите во вашиот живот ќе почнат да се менуваат наеднаш.

Оваа промена ќе биде позитивна и ќе сфатите дека минувате низ духовен и емоционален развој.

Станувате автентична верзија на себе. Ве очекуваат пријатни искуства во љубовта.

 

извор: Кафепауза.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.