Оваа млада Месечина носи обновување и ослободување од нештата кои не ни се потребни, па ни носи празна чинија и можност да почнеме од почеток. Оваа месечина настапува во знакот Шкорпија што ни носи интензивна енергија, а тоа значи дека доаѓа крај на некои работи, но и почеток на некои други.

Оваа млада Месечина носи убава енергија за 3 хороскопски знаци

Рак

Што е тоа што ве спречува да се изразите целосно? Што ве спречува да уживате и да ги земете работите во свои раце? Доаѓа радост за вас, но и многу можности за креативност и романса. Откријте што е тоа што ви стои на патот и изразете се на свој начин. Животот е прекраток за да не уживаме во убавината околу нас. Оставете ги настрана стравот, осудувањето и вината.

Шкорпија

Вие сте еден од најпосветените знаци. Всушност, на граница на тврдоглавост. Луѓето често се потпираат на вас поради вашиот карактер, но сега доаѓа време да се потсетите кои сте и вие самите да најдете сила во себе, да сфатите колку сте посебни. Бидете свои, но дозволете и да се промените. Дајте им простор на добрите работи да влезат во вашиот живот.

Риби

Постои голем свет околу вас. Вие сте мистични, но и инспирирани да ги откриете можностите околу себе. Оваа Месечина бара од вас да ги проширите видиците. Време е да откриете што чувате во себе и да го пренесете тоа во пракса. Може да делува страшно, но вреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.