Прочитајте што ќе му донесе новиот месец на вашиот хороскопски знак.

ОВЕН

Што и да правите, на почетокот на септември ќе ви се чини дека ништо не ви оди во рака. Затоа и воздржете се од ризични чекори. До крајот на месецот ќе имате прилика да поправите сè. Првите денови нема да ви бидат особено поволни за љубов, но ако не избрзувате, до крајот на месецот ве чекаат многу уживања. Чувајте ги коските.

БИК

Оптимисти сте, бидејќи нештата на работа се мирни и стабилни. Сепак, не престанувајте да се трудите за да останете успешни. Со саканата личност имате идиличен однос, а слободните Бикови ќе немаат многу време за љубов, поради другите обврски. Здравјето ви е добро, но по 15 септември обрнете повеќе внимание на заболувањата на респираторниот систем.

БЛИЗНАЦИ

Ќе имате динамичен месец, а сè што правите добива конкретна форма и контекст. Ќе имате и многу обврски, но тоа нема да ви претставува голем товар, знаејќи што ќе добиете на крај. Во љубовта сте среќни, па и малку занесени, но не заборавајте дека имате живот и надвор од врската. Од средината на месецот па до октомври морате да се чувате од вируси и настинки.

РАК

Септември ќе биде напорен месец, некој ќе се обиде да ве провоцира, а вие ќе се нервирате. Втората половина од месецот сепак, ќе биде доста подобра. Љубовната ситуација ви е како плима и осека, но свесни сте дека самите се доведовте до тоа. Подгответе издржано извинување до другата страна. Водете сметка и за исхраната, но и за уринарниот тракт, кој при променливо време ви е чувствителен.

ЛАВ

Септември нема да биде лош за Лавовите, дури може и да се каже дека многу Лавови конечно ќе профитираат од досегашниот вложен труд. Сепак, нема да изостане ниту притисокот. Се отвораат многу љубовни можности, ново познанство или пак, прекинување на врска која веќе не ви одговара. Сакате љубов, но уште повеќе сакате авантура. Здравјето ви е сосема во ред.

ДЕВИЦА

Овој месец ќе ви биде доста интензивен, особено во поле на работата. Конечно ве ценат онака како што сте заслужиле и тоа навистина ви годи. Љубовта ви е стабилна, можни се само мали стресни ситуации при крајот на месецот. Здравјето ви е многу добро, но вие сепак сте загрижени. Најдобро би било да направите систематски преглед, за да ви биде мирна главата.

ВАГА

До 15 септември имате поволен развој на настаните на работа. Потоа, ќе чувствувате како да носите преголема одговорност на свој грб. Потребен ви е краток одмор. Љубовта ве инспирира, партнерот ви е особено наклонет, па затоа уживајте без да имате никаква грижа на совеста. Здравјето ви е малку чувствително, но тоа можете да го совладате со правилна исхрана и рекреација.

СКОРПИЈА

Ќе имате доста тежок период, а тоа ќе ви оди на нерви. Можна е материјална добивка, но не доволно голема колку што ви е потребна. Ова ќе трае до средина на месецот, а потоа следува изненадувачки пресврт. Не се надевајте на многу поволна љубовна ситуација ако сте сингл. Ако сте во врска, ќе уживате во заедничките моменти. Внимавајте на хроничните тегоби и навреме земајте ја терапијата.

СТРЕЛЕЦ

Започнува долгорочен поволен период за вашиот хороскопски знак. Нема да имате потешкотии во ниту еден аспект во животот, а најмногу ќе ви годи финансиската стабилност. Имате и целосно разбирање за партнерот, нема да дозволите одредени проблеми да го нарушат вашиот однос. Имате добар апетит, па затоа внимавајте во текот на овој месец да не накачите многу килограми.

ЈАРЕЦ

Ќе имате ситни непријатности на работното место, но во основа, септември ќе биде доста мирен за вас. Крајот на месецот може да ви донесе поголем пресврт. Имате голема еротска енергија и сакате тоа да го покажете и докажете на својот партнер. Ви недостига малку внимание. Здравјето е стабилно, внимавајте на хроничните заболуваеа.

ВОДОЛИЈА

Летното расположение ќе ве држи и во септември, вие едноставно не сте подготвени за ладно време. Растат очекувањата од вас, па внимавајте да бидете на висина на работните задачи. Не сте особено задоволни на љубовно поле, но сепак можете да очекувате дека ќе флертувате и ќе се забавувате со повеќе личности. Чувајте го здравјето и не се изложувајте на опасности.

РИБИ

Септември ќе биде многу подобар од август во речиси сите аспекти. Нема да имате никакви пречки да напредувате на работа, а успехот нема да изостане во ниту еден момент. Љубовта исто така е на ваша страна, а и редно време е да се опуштите. Внимавајте само да не губите премногу време со погрешна личност. Склони сте кон покачување килограми и пиење чашка повеќе алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.