Ова месец во кој треба да го отворите срцето кон нови искуства, бидејќи ќе имате милион можности за тоа.

Работа

На 1 март, Марс ги здружува силите со Уран во вашата деветта куќа на експанзија и мудрост и ви носи ново разбирање за работата и светот. Ќе имате многу идеи кои ќе можете да ги реализирате, а некои Девици ќе посакаат да ја сменат работата и да ги пробаат своите сили во некој сосема поинаков сектор.

На 4 август, вашата владејачка планета Меркур влегува во Девица и ви носи неверојатни искуства. Комуникацијата ќе биде одлична, а вие ќе успевате да комуницирате со луѓе од различни средини и да склопувате соработки за кои претходно воопшто не сте верувале дека се можни. Верувајте во себе и само споделувајте ги своите идеи со другите кои ќе сакаат да работат со вас, во многу различни аспекти. Дополнително, секстилот на Венера со Нептун ќе ви донесе одлично чувство за соработка и потреба да бидете на иста линија со вашите клиенти и соработници.

На 7 август, Марс прави квадрат со Сатурн и ви носи тешкотии во односите со партнерите од странство и на полето на услугите, а на застој би можеле да наидат и оние Девици кои се занимаваат со здравство и ИТ услуги.

Сепак, на 11 август, полната Месечина во Водолија ќе ве поттикне да бидете реални во однос на вашите потреби. Таа ќе ви донесе и потреба да постигнете баланс меѓу личниот и професионалниот живот и да се погрижите да бидете среќни и исполнети, а не само фокусирани на работата. Освен тоа, ќе бидете подобри и во организацијата и управувањето со времето и тоа ќе ви донесе успех.

Околу 16 август ве очекува една генијална идеја. Тогаш Меркур во Девица формира тригон со иновативниот Уран и ви носи одлична моќ за расудување и критичко размислување. Само, не се плашете да ги споделите своите идеи со своите надредени, бидејќи што и да споделите, тие ќе се воодушеват.

На 20 август, Марс влегува во Близнаци во вашето поле на работа и кариера, што ќе ви помогне да го покажете својот авторитет и да вложите напори онаму каде тоа е неопходно за да постигнете напредок во кариерата.

Љубов

На 3 август вашата харизма е во вистинска сила и ви помага да бидете видени од другите. Без оглед на вашиот љубовен статус, ќе бидете обожавани од спротивниот пол и тоа ќе ви годи. Ако постои совршена дата за љубовен состанок овој месец, тоа е 3 август.

На 11 август, со полната Месечина во Водолија, чувајте се од драма особено од мешање на други луѓе во вашиот живот. Некои ваши пријатели имаат идеја како треба да изгледа вашата среќа, но тоа не значи дека треба да ги слушнете што имаат да ви кажат. Овој транзит носи и краеви во комуникацијата со некои луѓе, па немојте да бидете тажни. Така, се отвора простор за нови луѓе.

На 16 август, Меркур во вашиот знак е во опозиција со Нептун во вашиот сектор на љубовни односи што може да донесе до некои недоразбирања. Не сфаќајте сериозно, што и да слушнете, бидејќи вистината може лесно да биде изманипулирана.

На 20 август време е да излезете меѓу луѓето и да заведувате. Овој транзит ви носи неверојатна самодоверба и желба за забава, така што навистина ќе згрешите ако решите да останете дома.

Вашата сезона започнува на 22 август и ви носи самодоверба и харизма на кој ретко кој ќе може да одолее. На 25 август кога Меркур ќе го напушти вашиот знак и ќе премине во Вага, подгответе се за разговори за љубовта. Ако не сте биле сигурни за својот статус со личноста со која се гледате, овие денови ќе ја решите таа дилема.

На 28 август со младата Месечина во вашиот знак во првата куќа на вашата личност, ќе се чувствувате како да почнуваме ново љубовно поглавје без оглед на тоа дали сте во врска или не. Проучете ги грешките кои можеби ги имате направено во минатото и продолжете напред со научените лекции.

Ако сте во врска, тригонот на Сонцето со Јупитер на почетокот на месецот ќе ви помогне да воспоставите складен однос со саканата личност. Ако сте во сериозна врска ќе успеете да се договорите за заедничкиот буџет и да најдете време за интимно поврзување. Ќе разговарате искрени и отворено и ќе наидете на голема поддршка.

Слободните Девици ги очекува месец исполнет со многу познанства, но ќе треба да изберат кој од кандидатите е соодветен за нив за емотивна врска. Тригонот на Сонцето

Здравје 

Здравјето е стабилно овој месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.