Кога Венера, планетата на љубовта, убавината и задоволството, ќе влезе во знакот на Бик, четири хороскопски знаци ќе почувствуваат подобрување во областа на љубовта…

Денот на вљубените заврши, но месецот на љубовта е дефинитивно пред нас. Кога Венера, планетата на љубовта, убавината и задоволството, влегува во знакот на Бик, четири хороскопски знаци ќе почувствуваат подобрување во царството на љубовта. Преведено – Овие хороскопски знаци ги очекува многу романса во март:

Бик
Венера им носи сензуален шарм на лицата во знакот на Бик на кој другите тешко ќе одолеат. Исто така, Биковите може да чувствуваат ненадејна привлечност кон некого, а за оние што веќе се во врска, оваа енергија е совршена за експериментирање и уживање во врската со партнерот.

Девица
Девиците би можеле да се занесат во диви страсти во овој период. Не сакаат да бидат на непозната територија, но Венера им укажува на тоа дека има убавина и во ризикот. Пред нив е забавен месец полн со романса и креативност.Девиците кои не се во врска имаат добри шанси да запознаат некого кој конечно ќе ги заинтригира на романтичен начин.

Скорпија
Ако сте во врска, би можеле да ја оживеете фазата на меден месец со вашиот партнер. Венера го подобрува вашиот шарм и благодат, а оние што не се во врска имаат ненадејна зголемена потреба да се поврзат со некого. Без оглед на вашиот романтичен статус, ако сте Скорпија, март ќе биде страствен месец за вас, пишува „Elite Daily.“.

Јарец
Поради креативноста и романтиката што доаѓаат од влијанието на Венера, ќе ве тера да се чувствувате посигурни од кога било.Ќе се сакате себе но и другите повеќе, затоа и слободните можат конечно да се заљубат овој месец. Ако видите нешто што сакате, добро е да го грабнете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.