Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се согласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично, па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси, во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

По се изгледа околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу ќе се очекува. Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас, па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите, но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова, нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време, зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност, а нема да ги заборавите ниту контактите со пријателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување, чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата, саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација. Дури и ќе им бидете од полза на другите, па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете, повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет, што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди, а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови мислат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.