Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов – Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси, ќе се појават и фрустрации.

Кариера – Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет – Ви треба кус одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов – Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера – Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет – Уривате рекорди.

Лав 23.7-22.8. 

Љубов – Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера – Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.

Здравје и совет – Не мора да се брзате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов – Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.

Кариера – Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.

Здравје и совет – Ќе имате пријатни сништа.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов – Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера – Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет – Немојте да си го расипете карактерот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов – Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера – Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет – Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов – Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Кариера – Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет – Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов – Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера – Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Здравје и совет – Некои имаат духовни искуства.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов – Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера – Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет – Помирете се со реалноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов – Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера – Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет – Имате право кога ја негувате натуралноста.

Овен 21.3-20.4.

Љубов – Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.

Кариера – Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет – Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов – Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.

Кариера – Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет – Работете го она што го сакате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.