Како да се преживее изолацијата? Ѕвездите го имаат одговорот на тоа прашање. Откријте што му е потребно на секој хороскопски знаци додека е во изолација и како да се навикне на новонастанатата ситуација.

Овен

Припадниците на овој хороскопски знак се секогаш подготвени за акција и не сакаат да губат време. Поради тоа, ќе им биде важно да останат продуктивни и во оваа ситуација. Очигледна, но корисна активност што можат да ја прават редовно е да го чистат својот дом. Тоа ќе ја згасне нивната желба да имаат сè под контрола, а истовремено ќе им овозможи физичка активност.

Овните се лидери и нема подобри од нив во поставувањето на распоредот на активности и обврски за чистење на домот. Овните што живеат сами можат да бидат главните двигатели на виртуелното дружење со пријателите.

Бик

За Биковите, ова е совршена можност да забават малку. Мултитаскингот не е проблем за нив, но порано или подоцна тоа ќе ги исцрпи и затоа е важно да создадат нов распоред што ќе вклучува многу работи што ги прават среќни.
Отворете ги сите книги за готвење што ги купивте со желба да ги усовршите вашите кулинарски вештини, но никогаш не им се посветивте. Истражете рецепти и нови техники за готвење затоа што сега имате време да го направите тоа. Биковите сакаат тивка околина и сега можат да се посветат на украсување на еден тивок агол во домот каде што ќе создадат своја мала оаза за релаксација.

Близнаци

За еден од најдруштвените хороскопски знаци, изолацијата е голем предизвик. Мозокот на Близнаците едноставно работи побрзо и бара повеќе, па затоа им треба многу стимулација. Ним им „гори“ мобилниот телефон од повици, пораки и мејлови. Одржувањето контакт нема да им биде проблем на овие личности. Ако имаат „неред“ во главата поради изолацијата, уредувањето на домот ќе биде најдобрата активност за да го надминат тоа.

Организирајте сè што претходно не сте успеале затоа што ќе се чувствувате многу полошо ако живеете во неорганизиран простор. Потоа, посветете се на некоја активност што ќе ве окупира долгорочно. Истражете бесплатни апликации за учење странски јазици и изберете еден јазик што можеби сакате да го знаете. Погледнете ги разните онлајн-курсеви што ќе ви помогнат да стекнете нови вештини. Инвестирањето во себе ќе ве направи да се чувствувате позадоволно.

Рак

Припадниците на овој хороскопски знак лесно ќе се приспособат на изолацијата. Ракот е семејно ориентиран знак, па не му е проблем да биде дома затоа што и во нормални околности овие личности сакаат да го поминуваат времето со своите најблиски, изолирани од остатокот на светот. Во овој момент, Ракот ќе чувствува уште поголема потреба за блискост со семејството. Оние личности што не можат да ги прегрнат, можат да ги поканат на виртуелна вечера.

Договорете термини за заедничка вечера неколку пати неделно, поставете го вашиот мобилен телефон или лаптоп на масата и разговарајте со оние што ви недостасуваат. Раковите се исто така и многу креативни личности. Погледнете низ вашиот дом за да видите што можете да реконструирате или да преуредите за да ви биде забавно додека сте во изолација.

Лав

Исто како Близнаците, Лавовите уживаат во друштвото и во комуникацијата. Сега е вистинското време да ги искористат своите профили на социјалните мрежи и да станат извор на забава и релаксација за семејството, за пријателите и за следбениците. Покажете им на пријателите што готвите и како ги поминувате деновите, препуштете им се на забавните предизвици на „ТикТок“ и едноставно внесете позитивност на социјалните мрежи.

Дел од вашето слободно време посветете му и на вашиот изглед. Пронајдете упатства на Интернет и конечно испробајте ги сите фризури што ги избегнувавте досега. Можеби ќе сфатите дека по изолацијата ќе бидете подготвени за голема промена, но и ќе научите како сами да направите интересни фризури.

Девица

И Девицата добро ќе се снајде додека е во изолација. Овие личности се подготвени за криза во секое време, па затоа и за оваа се подготвија навреме. Тие можат рамномерно да им се посветат на сите активности што им се важни, а никој нема да го исчисти домот како педантната Девица. Нема агол што нема да биде дезинфициран. Повеќе од кога било, овие личности ќе се грижат и за својата исхрана. Нема веќе гладување – појадокот, ручекот и вечерата ќе се јадат навреме.

Одвојте време за вежбање за да го надоместите недостатокот на физичка активност. Сега имате можност да научите некоја нова корисна вештина. Нарачајте опрема за плетење и користете ги упатствата за да научите како да плетете. Тоа ќе ве опушти, а наесен ќе имате и залиха на фантастични шалови и капи на кои сите ќе ви завидуваат. Многумина во моментот не се смирени и приземјени како што сте вие, па затоа помогнете им на другите со корисни совети и намалете ја нивната паника.

Вага

Дали знаевте дека Вагата е еден од најромантичните знаци? Ако припадниците на овој хороскопски знак се во изолација без саканата личност, многу тешко ќе го поднесат тоа. Сепак, ова е можност за нив да научат да се сакаат себеси онолку колку што ги сакаат другите. Грижете се за себе колку што се грижите за најблиските. Честопати останувате во сенка поради другите погласни луѓе само за да го зачувате мирот и за сите да бидат задоволни, но сега е време за максимално да си удоволите себеси. Вагите се секогаш средени и изгледаат прекрасно.

Сега имате можност да сфатите дека не мора секогаш да бидете совршени од глава до пети. Препуштете им се на џемперите, на обичните маици и на неуредните пунџи и на тој начин ќе излезе на виделина скриениот, поопуштен дел од вашата личност што многумина немаат можност да го видат.

Скорпија

Нема сомнение дека Скорпиите ќе најдат начин да го искористат максимумот од изолацијата и да уживаат во тоа. Тие се мистериозни индивидуи кои сакаат да поминуваат време сами. Сега можат да се посветат на себе без никаков прекин. Скорпиите се воден знак и уживаат во водата, па сега е идеално време да им се препуштите на релаксирачките бањи. Пронајдете на Интернет најразлични третмани за убавина што можат да се направат дома. Посветете се на пишување дневник и секој ден запишувајте по една ваша мисла.

Стрелец

Додека другите хороскопски знаци не знаат како да го пополнат своето слободно време во изолација, Стрелците имаат друг проблем. Ним не им се доволни 24 часа на ден за сè што сакаат да направат. Здодевноста е нивниот најголем непријател, па кога сакаат да го исполнат денот со активности, може малку и да претераат. Направете дневен и неделен распоред на активности за да успеете да направите сè. Изберете време резервирано за готвење, читање, слушање музика, чистење, уредување на домот и за креативни активности како што се пишување, сликање, играње или пеење.

Правете промени во вашиот распоред секоја недела за да ја избегнете рутината. Единствената цел е да го завршите тоа што го започнавте. Стрелците ја сакаат слободата и се вистински авантуристи. Ако веќе не можете физички да патувате, гледајте документарци за дестинациите што сакате да ги посетите во иднина.

Јарец

Припадниците на овој хороскопски знак стојат цврсто на земја со двете нозе. Тие се свесни дека сега треба да се откажат од дел од секојдневните луксузи во коишто уживале порано, но сето тоа е во корист на општеството и тие ќе го издржат тоа. Овие личности се многу практични, па лесно може да се навикнат на работата од дома, бидејќи размислуваат за тоа колку ќе заштедат на бензин или на билети за јавен превоз и за што ќе ги потрошат тие пари подоцна.

За Јарците, ова е добра можност да се посветат на некое креативно хоби што го избегнувале. Тие се секогаш фокусирани на работата, но сега имаат можност да се релаксираат и да откријат што друго ги интересира. Вие сте цврста карпа на која се потпираат другите, но не срамете се да побарате помош од другите доколку ви затреба. На луѓето им требаат луѓе и ако ви стане тешко, слободни срушете ги ѕидовите и обратете им се на пријателите.

Водолија

Водолиите се најголемите авантуристи меѓу хороскопските знаци. Ним ќе им биде потешко да ја издржат изолацијата затоа што се навикнати на движење. Па, сега може да бараат спас на Интернет. Благодарение на технологијата, виртуелно можете да патувате низ светот. Пронајдете интересни авантурустички профили на социјалните мрежи што ќе ви ја згаснат желбата за патување.

Гледајте документарци за интересни и неоткриени дестинации. Сега можеби ќе размислите да имате свој блог или профил на Инстаграм каде што конечно ќе можете да ги објавите сите одлични приказни и фотографии од вашите патувања.

Риби

Припадниците на овој хорокопски знак им се посветуваат толку многу на другите, што изолацијата ќе им дојде добро за да ги наполнат батериите. Рибите лесно паѓаат под влијание на енергијата и на расположението на другите луѓе, така што ова оддалечување е добра можност за малку да се „исчистат“ од другите. Тешкиот дел кај изолацијата е недостатокот на контакт со најблиските.

На Рибите ќе им недостасуваат прегратките на своите најдобри пријатели, но ќе издржат сè за доброто на своите најблиски. Сега е време да ја искористите вашата имагинација. Работете на еден од вашите таленти и не трошете го времето залудно. Наместо тоа, изберете еден талент што сте го запоставиле или талент на кој сакате да му се посветите колку што е можно повеќе.

Извор: Кафе пауза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.