За жените од овие пет хороскопски знаци, љубовта не е игра. За нив љубовта е сѐ или ништо и нема да дозволат да им го губите времето.

ОВЕН

Жените родени во знакот на Овен влегуваат во врските со толкава страст, што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема сѐ секогаш да биде како што тие замислиле. Жените Овни многу се трудат околу врската, сакаат да го изненадуваат партнерот и да прават романтични работи. За среќа, забележуваат кога љубовта и трудот не им се возвратени и тогаш достоинствено се повлекуваат и си заминуваат.

БЛИЗНАЦИ

Жените во овој хороскопски знак го обожаваат чувството на влегување во нова љубовна врска. Го сакаат чувството на неизвесност и привлечност во исто време и искрено и со страст зборуваат за своите чувства. На почеток знаат да бидат наметливи во истражувањето на своите чувства и во размислувањата како да му удоволат на партнерот. Но, нема да чекаат многу ако не им возвратите со иста мера или барем не им покажете дека го цените нивниот труд. Тие за кратко време ќе најдат нов предмет на обожавање и ќе ве заборават.

ВАГА

Вагите се многу посветени на своите партнери и одбегнуваат соочување и расправии по секоја цена. Нивната љубов оди до степен на самопожртвуваност и обожавање. Многу се несебични, но длабоко се повредени ако партнерот не го цени тоа. Не очекуваат да им биде вратено во иста мера, но очекуваат признание од партнерот. Ако еднаш ѝ го скршите срцето на Вага, таа никогаш веќе нема да ве гледа со исти очи.

СТРЕЛЕЦ

Иако се познати авантуристи, кога ќе се заљубат, Стрелците се залетуваат со сите сили во новата врска. Брзо стануваат отворени и ранливи и искрено зборуваат за своите емоции. За жал, тоа значи дека брзо „прегоруваат“ и ако не ја одржувате возбудата во врската, жената Стрелец ќе си помисли дека веќе не сте си интересни еден на друг и ќе продолжат понатаму.

РИБИ

Исклучително искрени и емотивни, Рибите кога сакаат не играат игри, не се калкулирани и не веруваат дека може да бидат повредени. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и целосно му се предаваат. За жал, токму поради тоа често и се повредени. Сепак, толку уживаат во налетот на новата љубов, што се подготвени да изгорат во нејзиниот пламен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.