Овен (21.03 – 20.04)

ЉУБОВ: Вашата љубов и чувствата, се чини, се во благ расчекор, па можни се погрешни проценки на љубовен план. Доколку сте во кавга со партнерот, искористете ја приликата за ново зближување. Потрудете се да го направите среќно саканото лице.

РАБОТА: Свесни сте дека околностите не ви одат во прилог, но и покрај тоа, успевате благодарение на преговарачките способности. Ако планирате нова работа, не донесувајте избрзани одлуки. Бидете трпеливи и послушајте ја интуицијата.

ЗДРАВЈЕ: Нервозата ви е зголемена, а имунитетот ослабен. Одмарајте повеќе.

Бик (21.04 – 21.05)

ЉУБОВ: Не успевате на објективен начин да ги согледате несогласувањата со партнерот. Подобро е некои работи да ги премолчите отколку дијалогот да ве одведе во поголем проблем. Пречувствителни сте.

РАБОТА: Актуелните деловни случувања делуваат инспиративно на вас. Потрудете се на сите можни начини да ја подобрите вашата позиција. Сепак резултатите нема да бидат во голема мера сјајни, но понатака ќе има подобрување.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате, движете се повеќе.

Близнаци (22.05 – 22.06)

ЉУБОВ: Задоволство и хармонија на приватен план, а тоа позитивно делува на вашиот изглед и однесувањето. Уживате во заедничките моменти со саканото лице, а се останато ви е во втор план.

РАБОТА: Ненадејните промени и новите случувања на деловната сцена ќе го пореметат вашиот секојдневен ритам. Иако собирот на планетите во полето на договорите не е најповолен, не се откажувајте од зацртаните цели. Верувате во своите способности, ќе пронајдете ефикасно решение.

ЗДРАВЈЕ: Вишокот килограми ви носи вишок проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)

ЉУБОВ: Периодот е исклучително добар за оние кои се во врска со Лав или Овен. Ќе успеете да ги остварите вашите љубовни желби кои долго време ви лежат на срце. Потрудете се да го поправите односост со саканото лице.

РАБОТА: Се обидувате да ги промените воспоставените правила кои владеат на деловната сцена, но забележувате извесно негодување од страна на надредените. Колегите не се заинтересирани да ги подржат вашите нови идеи. Можни се проблеми и расправии.

ЗДРАВЈЕ: Започнете да се занимавате со некој спорт.

Лав (23.07 – 22.08)

ЉУБОВ: Емотивниот занес во вас буди нови идеи и желби. Новите случувања на љубовен план ќе ви донесат неизмерна радост. Не ги сокривајте чувствата. Љубовната хармонија позитивно влијае на вашата самодоверба.

РАБОТА: Напорен период за кој не се подготвивте наверемено и не сте подговени воопшто да преземете поголема одговорност, особено ако станува збор за финансии. Ќе бидете во прилика да му покажете на некој колку сте лојални и подготвени да и се посветите на работата. Одлична соработка со Риби, Шкорпија или Јарец.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на стомачните вируси.

Девица (23.08 – 22.09)

ЉУБОВ: Во текот на неделата ќе успеете да ги остварите љубовните соништа, без оглед колку на прв поглед делуваат неразумно. Вашиот начин на однесување на најдобар начин ја отсликува среќата која ја чувствувате во друштво на саканото лице. Следете го вашиот внатрешен глас.

РАБОТА: Со достоинство и стил и без премногу прашања ги прифаќате критиките или коментарите кои не ви се допаѓаат. Јупитер во вашиот знак ви дава сигурност и самодоверба. Не сте подготвени за компромиси, почекајте некој поповолен период.

ЗДРАВЈЕ: Главоболката и зголемениот притисок се резултат на стресот.

Вага (23.09 – 22.10)

ЉУБОВ: Честите промени на расположението создаваат дополнителна нервоза во односот со љубовниот партнер. Не сте сигурни што сакате. Премногу сте строги и немате разбирање за туѓите слабости. Не донесувате добри заклучоци бидејки избрзувате.

РАБОТА: Неделава ве очекуваат невообичаени ситуации на деловното поле, на кои особено неповолно ќе влијаат Марс и Месечината во Вага. Обидете се да останете ладнокрвни и трезвени. Некои проблеми потребно е малку да „одлежат“ пред да им го најдете решението.

ЗДРАВЈЕ: Можни се стомачни проблеми поради зголемена нервоза.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

ЉУБОВ: Партнерот понекогаш ве вади од такт но вие не се предавате така лесно. Сакате секогаш да бидете во центар на вниманието и не се задоволувате со споредни улоги. Можен е почеток на нова врска со лице кое се занимава со уметност.

РАБОТА: Ве привлекува идејата за нова деловна соработка и нови професионални можности. Размислувате за повластиците и друштвениот престиж кој би можел да ви го донесе новиот ангажман. Соработниците со полна доверба ви ја препуштаат водечката улога.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чвствувате, но не ја занемарувајте превенцијата.

Стрелец (22.11 – 21.12)

ЉУБОВ: Постојано сакате да му приредувате романтични изненадувања на партнерот. Во овој пеирод ќе бидете нагласено емотивни. Венера во вашето поле на тајните би можела да ви донесе ненадејни средби кои можат да ја нарушат вашата рамнотежа во љубовниот живот.

РАБОТА: И покрај Сатурн во вашиот знак, одлично се чувствувате и имате многу амбициозни деловни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро смислени потези, лесно ќе ги остварите деловните намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на падови и пореда на екстремитетите.

Јарец (22.12 – 20.01)

ЉУБОВ: Во моментот не сте во можност јасно да ги согледате потребите на партнерот ниту неговите размислувања. Комплиментите кои ги добивате од некој од страна, ве наведуваат на погрешни очекувања, но и проблеми во љубовниот живот, бидејќи секој ваш погрешен чекор ќе биде откриен.

РАБОТА: Енергично ги браните вашите деловни цели и интереси но немате доволно трпеливост да им се посветите на деталните анализирања на ситуацијата. Ги разгледувате различните можности во деловните преговори. Важно е рационално да ја користите енергијата и времето.

ЗДРАВЈЕ: Можни се болки во долниот дел на грбот.

Водолија (21.01 – 19.02)

ЉУБОВ: Иако вашиот љубовен живот не е баш идиличен, тоа нема да ви пречи да уживате во дружењето и излегувањето. Ако смислено играте на картата за емотивен ризик, смислете и некоја резервна варијанта. Искористете некои свои сокриени адути во друштво на саканото лице.

РАБОТА: Ќе се соочите со проблеми за кои нема да бидете во можност веднаш да најдете решение. Не очајувајте побарајте совет од најдобриот колега или можеби од надредениот. Проектот кој доцни конечно ќе биде реализиран.

ЗДРАВЈЕ: Водете сметка за имунитетот, но и за исхраната.

Риби (20.02 – 20.03)

ЉУБОВ: Во љубовниот живот главно се движите според своите емотивни импулси и потреби. Изгледа дека не умеете да го изберете вистинскиот момент за на својот партнер да му соопштите некои важни одлуки. Бидете повнимателни.

РАБОТА: Важно ви е да бидете забележани во деловните кругови, па смислено ги испробувате новите деловни потези. Но се има своја цена или разумна граница, а некој ќе ве предупреди за тоа. Не импровизирајте со кредибилитетот. На финансиски план ве очекува подобрување.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на настинки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.