ОВЕН

Овие празници очекувај неколку убави моменти за паметење, бидејќи те очекуваат изненадувања на љубовно поле.

БИК

Меркур оваа зима е на твоја страна, па така ќе ти се остварат сите желби кои си ги замислил/а и ќе успееш навреме да го завршиш она што ти било испланирано.

БЛИЗНАЦИ

Овој период ќе бидеш опседната/а од купување подароци, па тоа може да те излуди за време на празниците.

РАК

Доколку чувствуваше дека ја губиш волјата, Меркур овие празници ќе ти донесе многу енергија и здравје, па така одеднаш ќе те разбуди од зимскиот сон.

ЛАВ

Среќа што имаш супер семејство кое ќе ти ја осигура празничната топлина, па оваа година нема да мораш премногу да се заморуваш околу подготовките.

ДЕВИЦА

Овие празници ќе те „удри“ тотална празнична грозница, па така ќе имаш потреба да им честиташ на сите луѓе што ги познаваш, а воедно ќе освежиш некои стари пријателства.

ВАГА

Ништо не препушташ на случајноста, па така едноставно ќе уживаш во празниците знаејќи дека подароците се купени веќе одамна.

ШКОРПИЈА

Како најголемот песимист помеѓу хороскопските знаци и оваа година ќе превртуваш со очите на слатките празнични филмови, како и на лудилото што владее низ градот.

СТРЕЛЕЦ

Со оглед на тоа дека проследните месеци сам/а на себе си кинеше нервите, Меркур ќе ти овозможи празничен дух, поради кој тотално ќе се опуштиш, а и забавуваш.

ЈАРЕЦ

За време на празниците најмногу ќе ти одговараат мирот, тишината и самотијата.

ВОДОЛИЈА

Позитивната празнична енергија ќе те повлече кон сите можни дружења и друштвени активности, кои би можеле да те исцрпат.

РИБИ

Меркур за тебе подготви неколку изненадувања за овие празници, а помеѓу нив би можело да се роди и некоја нова љубов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.