Овен
Надворешните збиднувања ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ситуацијата „или – или“ најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи. Во љубовта просечна ситуација – слободните ќе бидат многу храбри и склони кон драстични решенија.

Бик

Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе. На професионално поле, изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола, веднаш се чувствувате подобро. Употребете ја својата фантазија во комуникацијата со личноста за која се грижите и вашиот однос ќе стане поинтересен.

Близнаци

Постои одредена неизвесност на работа. Нервозата може да влијае врз вашето расположение и мотивација. Доаѓа можност да ги покажете своите чувства, искористете ја можноста. Можно е да немате доволно трпение и некои работи ги завршувате мошне површно. Не го остварувате тоа што го сакате со саканата личност. Поради тоа сте и разочарани.

Рак

Се наоѓате пред важни одлуки. Тие би можеле да ви ја променат иднината. Можете да очекувате интересен сплет на околности што ќе ви помогнат да ја сретнете љубовта на својот живот. Неопходно е добро да се информирате околу идните работи за да можете да остварите подобри резултати. Ќе успеете да ги решите несогласувањата во врската.

Лав

Иако концентрацијата ќе ви биде нешто послаба и ќе бидете склони кон задоцнувања, недоразбирања, сепак нема причина да не ја насочите вашата енергија таму каде ќе ви даде најмногу. Можете да почнете со изучувате некој странски јазик, спорт, информатика, уметност и да го развивате вашето хоби или талент. Ќе ве привлекува непознатото и ќе барате возбудувања и нови искуства.

Девица

Можно е да не успеете да ги реализирате сите свои планови и да се соочите со некои кочници. Потребно е да му пружите внимание на партнерот. Можно е да ви замерува бидејќи не сте доволно посветени. Имате можност да исправите една неправда од минатото. Обидете се да се опуштите пред својот партнер и да не се оптоварувате. Пред вас е поволен период за љубов.

Вага

Влеговте во нов проект и многу е важно да бидете совршено организирани во однос на работата. Може да очекувате да бидете задоволни од вашата состојба. Пред вас е нов познајник. Можеби на почетокот сте срамежливи или можеби ви е тешко да ги покажете чувствата отворено. Обидете се да бидете малку поопуштени. Не плашете се да покажете дека сте заинтересирани.

Скорпија

Вашиот знак спаѓа во оние кои можат да очекуваат најголема позитивна промена во врска со соработката со странци. Можете да се надевате на успех, особено ако сте по природа голем ентузијаст и ако имате поддршка од една Вага или некој Стрелец, можно и Водолија. Поради вашата окупираност со работата, партнерот ќе се чувствува запоставен и ќе негодува. Не го игнорирајте за да не ви го сврти грбот.

Стрелец

Можна е промена на работата. Ако долго време очекувате вакво нешто, ќе бидете задоволни. Пред вас е период кој ви носи многу нови случувања во областа на деловните комуникации. Кавгите со саканата личност се влошуваат од ден на ден и полека имате впечаток дека ќе се изгубите едни со други. Љубовта полека исчезнува и чувствувате дека се подготвувате да се разделите.

Јарец

Можеби стресот деновиве ви беше број еден на листата, но денес работите ќе се сменат. Многу сте загрижени поради осцилациите што ќе ви се случат на деловното поле. Обидете се да не се грижите премногу. Пред вас е долг ден за размислување. Сакате да го промените односот со саканото лице, но никако не се обидувате да му удоволите за ништо.

Водолија

Можно е да бидете склони кон непромислено впуштање во ризици што се однесува до врската. Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост, зашто сите знаат дека попаметниот попушта. На професионално поле, калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа, ќе продолжат и денеска. Ќе настојувате сѐ да изгледа интересно.

Риби

Финансиската ситуација може да ве изнервира затоа што не сте сигурни дали ќе се реализираат соработките со странците. Чекате важен одговор од странска компанија. Сепак, Месечината во Бик во опозиција со Марс во Стрелец бараат претпазливост кога станува збор за соработка со оган и воздушни знаци. Трудете се да оставите впечаток на кооперативна личност. Бидете претпазливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.