Овен

Немате толку добра смисла за хумор колку што мислите и вашите шеги не им се допаѓаат на сите. Луѓето само не ви тоа го кажуваат од почит кон вас.

Бик

Ако не престанете да откажувате планови во последен момент, пријателите ќе престанат да ве канат.

А, повеќето се навистина близу до таа одлука.

Близнаци

Им се допаѓате на бројни луѓе, но не на толку многу колку што си замислувате. Не секој е вљубен во вас.

Рак

Во ред е да ги споделувате вашите емоции, но постојаното жалење е заморно за другите.

Пробајте да бидете попозитивни.

Лав

Делувате како самоуверена личност, но вашата самодоверба зависи од туѓите комплименти.

А, тоа и не е некоја самодоверба.

Девица

Во ред е да им помагате на другите.

Но, ако постојано правите сè за сите и се запоставувате себеси, тогаш кој ќе се грижи за вас?

Вага

Не секој проблем значи крај на светот. Бидете пореалистични и ќе се ослободите од анксиозноста.

Шкорпија

Ако продолжите да дозволувате минатото да влијае врз вас и да не ви дозволува да се отворите пред другите, тогаш засекогаш ќе се чувствувате осамено и одделено од другите.

Стрелец

На блиските им се чини дека секојпат кога одите на нова авантура, вие всушност бегате од проблемите.

И, можеби се во право.

Јарец

Советите што постојно им ги давате на другите не се корисни или знак за грижливост.

Во повеќето случаи, блиските не сакаат да слушнат што имате да кажете за проблем што не ве засега вам.

Водолија

Вие сте воркохолик, но не бидејќи многу си ја сакате работата. Ова ви е начин да избегате од вашите мисли.

Риби

Тoа што постојано зборувате за другите и она што ви пречи кај нив не е ослободување од гневот. Неретко е само озборување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.