Навлегуваме во хармоничната сезона на Вагите, но истовремено го чувствуваме и силното влијание на ретроградниот Меркур.

Седмицата која е пред нас ни носи одличен почеток. На 29 септември, романтичната Венера прави тригон со Нептун и притоа во воздухот шири емпатија, љубов и креативност. Ова е ден и кога Сонцето во Вага формира тригон со Сатурн и ни носи можност практично да се соочиме со сите предизвици. Веќе од 1 октомври ни доаѓа поинтензивна енергија и тоа со опозицијата на амбициозниот Марс со чувствителниот Широн и квадратот на интелектуалниот Марс и опсесивниот Плутон.

Сепак, и покрај многуте транзити оваа недела носи убави мигови за три знаци.

Близнаци – блескате од емпатија и љубов

Оваа недела се чувствувате инспирирано да отпочнете авантура и да се чувствувате како Петар Пан. Таму некаде за вас е Недојдија, местото каде можете да бидете свои. Ќе се ослободите од сите стравови, сомнежи и потребата за логика и ќе заборавите на правилата. Околу вас доаѓа и енергија исполнета со емпатија и романса која ви носи љубов во различни форми.

Вага – автентични сте и свои и сите го забележуваат тоа

Вистина е, ретоградниот Меркур ќе влијае на расположението оваа недела, но вие нема да дозволите тоа да ја упропасти вашата сезона. Можно е да бидете малку расеани, но ќе биде уникатни и свои и тоа ќе биде забележано околу вас. Доаѓаат многу можности кои ќе ви ја зголемат самодовербата и ќе ви помогнат да се чувствувате самоуверено, ценето и сакано. Дадете си дозвола да се забавувате на начин кој најмногу ви одговара.

Водолија – вие растете и созревате на многу начини

Оваа недела ви носи можност да созреете. Сепак, иако тоа понекогаш делува страшно за вас, сепак ова е вашата можност да останете силни и љубопитни. Вие сте личност која никогаш не престанува да се развива на интелектуален начин, а оваа недела тоа доаѓа и на многу други начини што ви носи и плус самодоверба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.