Владеењето на Водолијата ќе трае се’ до 19 февруари 2020 година, а следниве хороскопски знаци нема лесно да ги поднесат предизвиците кои доаѓаат.

Скорпија – опасни игри со зборови

Вие ќе почнете да се фокусирате на вашиот мал свет и луѓето кои го сакате, но од себе ќе сакате да одвоите некои членови од семејството или пријателите, за кои сметате дека ви ја крадат енергијата. Овие одлуки може да бидат тешки и конечно, затоа добро размислете. За среќа, ќе комуницирате добро и на добар начин ќе успеете да ги решите недоразбирањата.

Рак – период на трансформација

Претходниот период (владеењето на Јарецот), на вашиот знак му донесе големи промени на емотивен план. Во секоја ситуација можевте да пронајдете компромис и да ги изразите своите романтични желби. Но, владеењето на Водолијата ќе ви донесе големи предизвици во љубовта, а може да направите и некои грешки во односите поради наглите промени во расположението.

Риби – скриена емотивна душа

Овој емотивен знак во Зодијакот ќе почне да се чувствува осамено, изолирано и да не ја најде својата цел и тоа во текот на владеењето на Водолијата. Сонцето моментално е во вашата 12-та куќа, куќата на кармата и соништата. Вие сте емотивна и креативна душа, но тоа не значи дека целосно треба да се изолирате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.