ОВЕН

(21 март – 19 април)

До неодамна бевте фокусирани на повеќе забава или романса во вашиот живот, но Месечината денеска се пресели во вашиот работен и здравствен сектор. И Меркур вечерва влегува во истиот сектор. Тоа е одличен период да внимавате на детали, на организирање на вашата работа и на рутината.

Работа: Само рутинирано, без ризични експерименти.

Љубов: Доста од лутање, стабилизирајте ја врската.

Здравје: Можен пад на имунитетниот систем.

БИК

(20 април – 20 мај)

Совет во врска со парите добро би ви дошол денеска. Посветете се на практични нешта. Сепак, до крајот на неделата интелектуалната активност ќе биде во фокусот. А таа не подразбира само работа, туку и забава и дружење. Опуштете се.

Работа: Како да ви недостасува задоволство во работата. Пронајдете го!

Љубов: Да се биде во врска не значи да се биде врзан. Земете си малку слобода

Здравје: Стрес.

БЛИЗНАЦИ

(21 мај – 21 јуни)

Марс во вашиот социјален сектор ви го дава најдоброто. Вашата перспектива на личноста е заразна и ќе уживате во било каков вид на групна вклученост. Семејните драми, особено со децата, ќе бидaт со краток век.

Работа: Пак сте во форма. Другите тоа ќе го ценат.

Љубов: Барајте поддршка од саканото лице, не го штедете.

Здравје: Минливи главоболки. Не посегнувајте веднаш по медикаменти.

РАК

(22 јуни – 22 јули)

Со чувството за вас некарактеристично смело и импулсивно, најдобро е да избегнувате големи одлуки во врска со интимните односи и заедничките ресурси. Ако мора да направите избор, многу ќе имате корист од професионални совети во врска со вашите пари.

Работа: Никако да ги надминете финансиските проблеми. Изберете подобар пристап.

Љубов: Не е време за нова врска. Воздржете се.

Здравје: Без нервоза, далеку е петок.

ЛАВ

(23 јули – 22 август)

Умниот Меркур во вашиот знак ве преплавува со сјајни концепти, од кои некои можат да бидат презаситени и профитабилни. Разговарајте за тоа со пријател на кој му верувате. Можеби ќе се чувствувате принудени да учествувате во озборувања.

Работа: Не роните бисери пред свињи. Изберете начин кому и кога да ги презентирате вашите идеи.

Љубов: Што беше тоа доверба?

Здравје: Добар мултивитамински препарат може да ви помогне.

ДЕВИЦА

(23 август – 22 септември)

Месечината влегува во вашиот знак, зголемувајќи го обемот на вашите емоционални потреби. Време е во лунарниот месец повнимателно да ги слушате вашите чувства. Како што одите напред, одлуките доаѓаат многу посигурно.

Работа: Време е да ги прегрупирате силите и да се зацврстите на фронтот.

Љубов: Сакате сите да ве сакаат. Претерувате.

Здравје: Ако ви крварат непцата, време е да го посетите вашиот стоматолог.

ВАГА

(23 септември – 22 октомври)

Пријателите се искрено загрижени за вашите потреби. Чувството на припадност во опкружувањто може да ви годи. Одлично е време да преземете одговорност или да сторите нешто поради што ќе се чувствувате поодговорни и самоуверени. Вечерва Меркур почнува да транзитира во вашиот сектор за приватност, каде ќе влијае до 5 септември. Повеќе ќе сте склони да чувате тајни или да поминете повеќе време во вашиот внатрешен свет.

Работа: Добро е, може и подобро.

Љубов: Опседнати со себе, гледајте да не заборавите на некој што ве сака и ве цени.

Здравје: Рутински систематски преглед.

СКОРПИЈА

(23 октомври – 22 ноември)

Добро време да се работи на подобрувања во животниот стил. Вие се чувствувате посигурни и особено сте мотивирани. До петок, фокусот може да биде на на вашиот социјален живот. Комуникациите со пријателите, соработниците или групите се зголемуваат.

Работа: Одлични сте, продолжете така.

Љубов: Изненадување.

Здравје: Побарајте добра фитнес програма.

СТРЕЛЕЦ

(23 ноември – 20 декември)

Работите што ве одржуваат поврзани, како телефоните, компјутерите, па дури и возилата, можат да се подобрат. Тоа ќе ви причини задоволство. Може да има нови цели или промени во начинот на живот.

Работа: Ви недостасува добра организација.

Љубов: Здодевно ви е.

Здравје: Излезете на планина, во шума. Рано наутро, по можност. Ќе забележите огромна разлика.

ЈАРЕЦ

(21 декември – 19 јануари)

Може да имате силна желба да совладате некој проект или да решите проблеми денеска. Вие сте подготвени за предизвик. Ова може да биде и одличен ден за самооткривање. Склони сте да барате нови интереси или да ги проширите своите знаења сега.

Работа: Не е доволно што сте иницијативни, ви треба повеќе знаење.

Љубов: Риба се лови на местата каде што се собира.

Здравје: Болки во мускулите. Ц витамин?

ВОДОЛИЈА

(20 јануари – 18 февруари)

Денес може да имате добра, здрава комуникација со партнерот. Тоа ќе ве мотивира. Во одлична позиција сте да размислувате и да разговарате за прашања за споделување, финансии, психологија и за интимност.

Работа: Имате пол-пот позиција. Нема шанси да пропуштите водство.

Љубов: Од многу муабет фајде нема. Да се обидете сљепак да се опуштите?

Здравје: Стрес и нервоза, од причини што не умеете да си ги објасните. Обидете се со Б6.

РИБИ

(19 февруари – 20 март)

Партнер или добар пријател може да бидат во посилен фокус денеска. Може ова и да биде период кога барате интелектуален придружник. Комуникациите имаат многу голема важност во вашиот живот.

Работа: Ви недостасува соработка. Кај вас е вината, затворени сте.

Љубов: Посветете внимание на партнерот. Додека има време…

Здравје: Општа слабост. Да останете во кревет еден ден?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.