Овен (21.03 – 20.04)

Некој се обидува да ви наметне невистинити муабети. Ќе го сфатите тоа, само ќе ви биде потребно малку повеќе време. Партнерот е искрен со вас, направете се за него во име на заедничката среќа.

Бик (21.04 – 21.05)

Не треба да се занесувате со далечни прогнози. Насочете се на неколку нешта од блиската иднина. Некоја личност ви служи за утеха, но тоа не е фер, па затоа престанете да ја лажете.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребно е да го процените најдобриот момент за ефикасна акција. Вашето емотивно задоволство зависи од тактиката која ја применувате кон саканото лице.

Рак (22.06 – 22.07)

Нема причина за лажна скромност пред соработниците. Во љубовта променете се што не ви се допаѓа, а доколку тоа не ви е дозволено, променете го и партнерот.

Лав (23.07 – 22.08)

Личноста која досега имаше негативен став за вашите идеи и сега нема да го промени своето мислење. Испланирајте романтична забава за двајца и уживајте со партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)

Не наседнувајте на она што ви го говорат соработниците. Слободните треба да побараат личност со слични афинитети. Поведете сметка за исхраната.

Вага (23.09 – 22.10)

Не се грижете премногу околу работата. Проблемите кои ви се случиле воопшто не се страшни. Престанете да ја проверувате саканата личност. Со тоа ништо не добивате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Насочете ја позитивната енергија кон работата. На тој начин сигурно ќе постигнете повеќе. Саканото лице забележува дека сте загрижени. Дозволете му да ви помогне.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Останете самоуверени. На тој начин сигурно ќе ги остварите своите цели. Бидете слободни и искажете ги своите чувства кон саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Нечија порака или деловна средба ќе има позитивно влијание на понатамошниот тек на случувања. Немојте да дозволите вашите родители да ви се мешаат во врската.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не ви се допаѓаат нечии критики па ќе заземете одбранбен став. Саканото лице негативно ќе влијае на вас. Не се нервирајте, разговарајте отворено за тоа.

Риби (20.02 – 20.03)

Во ваш интерес е да не зборувате премногу за работите кои не ги познавате доволно. Ќе ви прилега некој вид на неформална забава. Можни се проблеми со кожата.

Предходна статија
Мора да го имате во домот: Што симболизира дрвото со лимони според фенг шуи?
ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.