Овен

Под денешното небо ќе бидете склони да ги повредувате оние кои најмногу ги сакате, најверојатно затоа што тие ќе бидат ваш издувен вентил. Иако сте убедени дека тие ќе ви простат, не заборавајте дека некои постапки оставаат рани засекогаш.

Ценете ги лицата кои безусловно ве сакаат. Тие можеби се единствените на светот кои го заслужуваат тоа.

Бик

Денес ќе се борите за вашите права и за она што го заслужувате, па доколку некој ве потценувал во изминатиот период, сега бестрашно ќе се „кренете“ против него. Некои бикови ќе одат и толку далеку што ќе користат и правни мерки за да ја задоволат правдата.

Ништо нема да може да ве запре кога ќе наумите нешто. Целата тврдоглавост ќе ја искористите за постигнување на вашите цели.

Близнаци

Парите не можат да ја купат среќата, но можат да купат нешта кои ве усреќуваат, како омилените чевли или третман за разубавување. Денес нема да штедите кога станува збор за вашето задоволство, а и не треба.

Некои близнаци ќе се соочат со љубоморна личност само затоа што си дозволиле да изгледаат прекрасно. Насмевката е најдоброто решение.

Рак

Денес фантазијата ќе ви биде неисцрпен извор на идеи, па секогаш кога ви е потребно решение, затворете ги очите и препуштете ѝ се на имагинацијата. Некои ракови ќе станат најбарани во нивната област на работа.

Не се плашете од ризици, бидејќи планетите навистина ќе бидат на страната на смелите.

Лав

И премногу забава понекогаш уморува. Можеби е време да паузирате и да поминете квалитетно време дома. Погледнете околу себе, им недостигате на вашите најблиски.

Легнете си порано вечерва. Започнете од создавање мали добри навики, а потоа преминете кон поголеми.

Девица

Денес некој ќе ги искористи вашите зборови против вас, па многу е важно да внимавате што изјавувате. Секој збор нека ви биде добро осмислен, особено кога разговарате со лица кои се ваши конкуренти.

Ќе имате потреба да поминете време сами со себе. Поминете ја вечерта со добра книга или со филм во вашиот омилен жанр.

Вага

Делче од вашиот живот ќе започне да се менува со брзина на светлината денес, а вие мора брзо да реагирате на промените за да имате контрола над она што се случува. Фокусирајте се на важните нешта наместо да навлегувате во детали.

Семејството ќе ви стане уште поскапоцено од порано. Ќе давате сè од себе за да не ги повредите најмилите.

Шкорпија

Не си земајте се’ при срце. Денес нечие ладно однесување кон вас може да не е воопшто поврзано со вас. Разговарајте со таа личност насамо, можно е да откриете дека минува низ тежок период.

Во свет полн со негативни лица, секогаш обидувајте се да бидете позитивни. Само така ќе бидете подобри од нив.

Стрелец

Зошто да го откривате секој детаљ од вашиот живот кога можете да привлекувате љубопитни погледи со својата мистериозност? Денес бидете загатка која луѓето ќе сакаат да ја одгатнат, а не отворена книга.

Направете го истото и ако сте во врска. Вашиот сакан не мора да го знае секој детаљ од вашиот ден. Оставете простор за да се прашува.

Јарец

Денес планетите ќе ве направат екстремно чувствителни на зборовите на вашиот партнер, па можно е бурно да реагирате и на коментари кои вообичаено не допираат до вас. Внимавајте какви зборови користите, утре може да жалите за кажаното.

Ако сте сингл, можно е да запознаете потенцијален партнер преку ваша роднина или пријател.

Водолија

Денес ќе бидете склони кон мултитаскинг, па илјадници мисли истовремено ќе струјат низ вашата глава. Нема да биде чудно што сте толку многу расеани, само внимавајте вашите шефови да не го забележат тоа.

Научете да го прикривате стравот зад насмевката. Не велете дека не можете.

Риби

Денес ќе сакате да се забавувате, па постојано ќе смислувате начини како да се пошегувате со колегите на работа, со најблиските дома или со пријателите за време на вечерното излегување. Ќе бидете како мало дете кое нема никакви грижи.

Животот е еден, а вие ќе сакате да го живеете до максимум. Понекогаш и една риба може да си го дозволи тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.