Дневен хороскоп за сабота, 13 февруари 2021 година

Овен
Љубов:
Работите понекогаш изгледаат сосема поинаку од првиот впечаток што го имате. Во средбата со саканото лице постапувајте според вашата совест.
Работа:
Не мора да се грижите за различни критериуми. Секој од соработниците има свој начин на толкување на настанот.
Здравје:
Ослободете се од непотребни грижи, подобрете го расположението.

Бик
Љубов:
Ви се допаѓа нечие присуство. Бидете подискретни во средбите што изобилуваат со силни емоции или скриени страсти.
Работа:
Чувствувате потреба да се ослободите од натрупаните обврски. Дозволете им на вашите соработници да го завршат тешкиот дел.
Здравје:
Нема потреба да ги преценувате личните можности, бидете умерени.

Близнаци
Љубов:
Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира на погрешна емоционална реакција. Бидете потрпеливи од вообичаеното.
Работа:
Се обидувате да го одредите вашето место во деловните кругови, но и да одржите добар однос со докажан тим на соработници.
Здравје:
Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.

Рак
Љубов:
Не можете да ги помирите различните интереси кога се среќавате со некој близок. Додека вие постапувате сомничаво, вашиот партнер реагира премногу воздржано.
Работа:
Договор со една личност укажува на потенцијален неуспех повеќе од нова можност за успешна соработка.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или престој во природа.

Лав
Љубов:
Партнерот ги разбира вашите желби, но нема доволно волја да ви удоволи. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери.
Работа:
Ја губите контролата над важните ситуации во деловниот дијалог, ви треба алтернативно решение.
Здравје:
Важно е да ги одржувате присебноста и внатрешната рамнотежа.

Девица
Љубов:
Партнерот има замерка за вашето однесување. Обрнете внимание на изговорените зборови, особено на „пораката“ што се крие меѓу редови.
Работа:
Нема потреба да се издвојувате од групата соработници. Подобрите услови даваат можност за подобро деловно изразување.
Здравје:
Поттикнете позитивно расположение во себе.

Вага
Љубов:
Не дозволувајте никој да ја попречува вашата волја и право да направите емотивен избор. Заслужувате подобар или поубав третман.
Работа:
Средбата со една личност има поучен ефект врз вашиот начин на размислување. Покажете поголема селективност во размислувањето.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација и престој во природа.

Скорпија
Љубов:
Се грижите премногу без причина, вашиот партнер не сака да ви ги довери мислите или чувствата, во моментот. Бидете трпливи.
Работа:
Без оглед на вашата снаодливост на деловните состаноци, постојат работи што не се вклопуваат во вашата првична проценка.
Здравје:
Ќе ви годат неколку часови добар сон, обрнете внимание на соништата.

Стрелец
Љубов:
Вие внимателно го избирате вашиот стил и некој не може да одолее на вашиот шарм. Задоволство е кога знаете да споите убаво и корисно.
Работа:
Сè што правите треба да ве афирмира на различни страни. Ве чекаат позитивни резултати или значителна добивка.
Здравје:
Вие сте во одлична психо-физичка форма.

Јарец
Љубов:
Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на саканото лице. Прилагодете ја својата улога во согласност со заедничките потреби.
Работа:
Важно е да изберете ситуација што истовремено ги исполнува вашите духовни интереси и носи материјални придобивки.
Здравје:
Ќе ви годи прошетка или престој во природа.

Водолија
Љубов:
Планирајте состанок со драга личност за која ве врзуваат убави спомени и пријатна емотивна нота. Опуштете се.
Работа:
Некој ја оспорува вашата деловна репутација, што ја прави зделката уште потешка. Бидете истрајни во своите намери.
Здравје:
Важно е да се одржи позитивно расположение.

Риби
Љубов:
Се’ повеќе ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате да управувате со ситуацијата, но нема да успеете.
Работа:
Вие сте збунети од одговорите што ги добивате од соработниците, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напнати ситуации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.