Веќе неколку недели хуманите луѓе донираат за Слободан Попов, кој што има напредна фаза на злокобната болест канцер. За спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога.

Цобе и неговото семејство решиле лекувањето да се спроведе во Солун, Грција, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување. Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно вграден при операцијата во Скопје.

Операцијата чини околу 50.000 €, кои за жал Цобе и неговото семејство не можат да ги обезбедат самостојно, при што побараа помош од добронамерните луѓе. Останаа уште малку финансиски средства за да може Цобе да замине на операција и со тоа да продолжи да го живее својот живот со сопругата и 5 годишната ќерка.

Донациите можат да се извршат на следниве броеви и сметки:

Број за донација

A1 (VIP): 143-463

Телеком: 143-103

Сметка за донација:

Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје

Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје

IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попов

Линк за донација

gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.