Заблагоарувајќи им се на учесниците на првата од петте јавни дебати за уставните амандмани, премиерот Зоран Заев потенцираше дека е важна инклузивноста во целиот процес, како и дека малку потешко ќе било Груевски да го вратат во Македонија.

Ова е почеток на дебатата и јас навистина научив многу. Знам отприлика каде се правците. Но сакам да знате дека сакаме искрено да имаме инклузивен процес, не само заради помалите етнички заедници, не заради опозицијата, туку затоа што така граѓаните ќе бидат поспокојни. Некои ќе бидат посреќни и Груевски ако го вратиме назад, но знам дека малку тешко ќе е тоа, рече премиерот Заев, кој посочи дека некогаш се обидувал и да се нашали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.