Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје се огласи со соопштение во кое истакнува оти не се согласува со предлозите за новите имиња на улици во главниот град и истите ги отфрла.

Шилегов, кој себеси се нарекува градоначалник на Скопје, буквално и брутално почна да го одродува градот. Со иницијативата за промена на имињата на улиците во Град Скопје, Шилегов го фрла во заборав Борис Трајковски ја миноризира неговата улога во македонската држава, а наместо тоа става имиња на улици како УРС-ови синдикати (уједињени раднички синдикати во времето на кралство Југославија), или Суец, или Украина. Со должна почит кон наведените, но, кога станува збор за главен град на држава, предимство во обележје и почест се дава на луѓето, на датумите и местата кои се значајни и врзани за градот односно државата, а потоа на настани, градови и држави кои се пријателски врзани со Скопје и Македонија, истакна Јелена Жугиќ, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.