Во британските затвори во текот на изминатата година од последица на коронавирусот починале 118 затвореници, соопшти Министерството за правда.

Во соопштението се наведува дека станува збор за периодот од 16 март минатата година до 28 февруари оваа година, а затворениците починале во 54 затвори во Англија и Велс, објави Би Би Си.

Од почетокот на пандемијата, во 127 британски затвори се заразиле со коронавирус 14.480 затвореници, од кои 106 во казнено-поправните домови за малолетници.

Најтешка ситуација била во затворот во Стафордшир, во Западен Мидленд, каде се инфицирале 468 затвореници, а критично било во јануари оваа година кога во еден момент биле потврдени 249 позитивни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.