Премиерот Зоран Заев, на средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, потврдиле дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.

Како што соопшти Владината прес-служба, Заев и Петровиќ истакнале дека Македонија игра конструктивна улога во унапредувањето на односите на регионално ниво, меѓу земјите на Западен Балкан и претставува добар пример каде граѓаните покажале демократска зрелост и се одлучиле за владеење на правото и демократските вредности.

Црногорската амбасадорка ги пренела честитките од црногорскиот премиер Душко Марковиќ и му посакала на Заев успешна работа на новата Влада.

Амбасадорката Петровиќ и Заев се согласиле дека продолжуваат во насока на подобрување на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.