На денешната владина седница извршени се и неколку кадровски промени. Поточно, Владата го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Роберт Поповски, пак е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност. Тој до неодамна беше министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.