Нутриционистката Синтија Сас ја измисли Саси Вода за нејзината програма „Flat Belli“ (рамен стомак). Факт е дека рецептот ја претвора обичната вода во чудесен еликсир, кој има корисен ефект врз здравјето на луѓето и општото добро.

Со минимално количество калории, оваа вода го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот.

Водата Саси промовира подобро варење и апсорпција на храната, сето тоа благодарение на најкорисните состојки. Ѓумбирот, краставицата, лимонот и нането ќе го подобрат вашето здравје толку многу што е дури и тешко да се замисли!

Потребно е:

2 литри вода
1 лажичка рендан ѓумбир
1 средна краставица, излупена, исечена на парчиња
1 среден лимон, тенко исечен
12 лисја нане
Подготовка:

Подготовката е крајно едноставна. Само измешајте ги сите состојки во стаклен сад. Пијалакот треба да се стави во фрижидер и да се конзумира во текот на следниот ден. Овој рецепт е редок случај кога е здрав и вкусен. Освежувачки во текот на летните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.