Група вработени на Клиниката за хематологија во болницата „Мајка Тереза“ се жалат дека се под голем притисок. Тие испратиле писмо до генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и премиерот Зоран Заев  дека им се врши притисок на работното место секој ден од страна на главната медицинска сестра Мирјана Ѓуриќ и од директорот на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис.

Поради притисокот досега 7 вработени ги напуштиле своите работни места. Во писмото, тие бараат да се преземат мерки за темелно да се испита случајот и да се запре притисокот врз вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.