Индија денеска има неславен светски рекорд според бројот на смртни случаи од Ковид-19 во еден ден – 6.148. Ова се случи откако источната држава Бихар, една од најсиромашните држави во Индија, ги ревидира бројките со додавање на смртни случаи во домови или или во приватни болници.

Претходниот тажен рекорд беше во САД на 12 февруари – 5.444 смртни случаи од Ковид-19 за еден ден.

Во изминатите 24 часа, во Индија се пријавени 94.052 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број достигна 29,2 милиони.

Вкупниот број на смртни случаи е 359.676, соопшти индиското Министерство за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.