ВМРО-ДПМНЕ по 17. Конгрес излегува како обединета партија со јасен концепт и визија за Македонија.

Од партијата велат дека истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде стожерот околу кој ќе се обединуваат сите оние сили во Македонија кои врз основа на принципи и вредности ќе ја градат иднината на својата држава.

Тоа е можно преку нов концепт на заедништво, нов општествен договор на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам. Заедничкиот патриотизам ќе овозможи мобилизација на секоја индивидуа во функција на развојот и новата иднина на Македонија. Оваа идеа ќе ги сруши ѕидовите и стереотипите кои политичарите ги создаваа меѓу граѓаните низ годините наназад, и ќе овозможи праведен напредок и еднакви можности за сите луѓе.

 

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија и како таква има право и обврска да повика на општествен консензус на еден заеднички патриотизам. Заедничкиот патриотизам обединува по верска, етничка, политичка и било каква припадност и има за цел да ја врати надежта на народот дека Македонија може и мора подобро.

 

Ваквиот пристап ќе му даде можност на секој врз основа на неговите капацитети и знаења да се вклучи во изградбата на една нова подобра иднина за Македонија. Ова е втора епоха за Македонија, епоха која бара сеопшта општествена и интелектуална мобилизација. Ова ќе биде време кога ќе владее одговорност, функционалност на институции и просперитет.

 

Нашата цел е Македонија да биде успешна и ВМРО-ДПМНЕ е отворена за секој кој ги дели нашите вредности и принципи – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.