Владата на денешената седница донесе одлука да ги повлече измените во Законот за јавни собири, кои предизвикаа лавина од негативни реакции на социјалните мрежи. Измените наидоа на бројни критики поради одредбите кои го отежнуваат организирањето протести.

Владата ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната седница одлучи да ги повлече предлог измените со цел да се обезбеди поширока консултација“, стои во соопштението од Влада.

Инаку, законските измени предвидуваат за протест да се смета само оној собир каде присуствуваат повеќе од 50 граѓани.

Најголемо внимание од измените привлече членот 2, со кој, меѓу другото, се забранува собир „во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Македонија“.

За многумина одредбите го попречуваат правото на протест кое е загарантирано со Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.