На денешната седница Владата ги прифати предлог решенијата на владината Комисија за именувања и донесе повеќе одлуки.

Меѓу одлуките за именувања се следните: Александар Цуцулоски, да го отповика од должноста вршител на должноста член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Мухамед Љамалари, да го избере за член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Владата на Република Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ во државна сопственост – Скопје Драги Цветковски, а за нов член на Управниот одбор да го избере Нуредин Фетаи.

-Врз основа на член 49 став 4 од Законот зa Народната банка („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018), Владата на Република Македонија заклучи да му предложи на Собранието за неизвршни членови на Советот на Народната банка на Македонија, со мандат од седум години да ги именува: Борче Треновски, Никола Поповски и Марјан Петрески.

-Исни Јакупи да го именува за директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Татијана Лалчевска да ја именува за директор на ЈП Службен весник на Република Македонија.

-Наташа Јанковска да ја разреши од должноста член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука, на нејзино барање.

-Снежана Костовска Фрчковска да ја именува за член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука.

-За членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Тетово, да ги именува: Арбен Несими, Горан Савески и Душко Коцески.

-Од должноста членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, да ги разреши Славче Ивчевски и Елена Стефановска, а за членови да ги именува: Елена Стефановска, Симона Јовевска и Натали Папакоч.

-Владата заклучи на Славчо Ѓоргиоски, Влатко Јовановски и Кристијан Талески да им утврди престанок на мандатот како членови на Управниот одбор – претставници на основачот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

-Владата заклучи на Миле Велкоски, Николина Недеска и Кире Северкоски да им утврди престанок на мандатот, членови на Управниот одбор- претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

-Миле Велковски, Кристијан Талески и Николина Недеска да ги именува за членови на Управниот одбор – претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

-Владата се информираше за оставката од Даниел Димевски од должноста претседател на Комисијата за евалуација на предлог – листата на спортски ваучери и врз основа на член 14-г став 9 од Законот за спорт, на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот за формирање на Централна комисија за евалуација на предлог – листата, за период од четири години (Агенција за млади и спорт), Владата ги предложи: за претседател Огнен Стојановски и за членови: Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Нијази Елмазов, Дриљон Леши, Иван Миноски и Бејтула Емини.

-Ивана Костовска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Иван Георгиев“– Пехчево на нејзино барање, а за член на Управниот одбор да го именува Петар Цветковски.

-Славе Јорданов да го разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес на негово барање, а за член на Управниот одбор да го именува Марјан Габеров.

-Јане Андовски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип – стручeн работник од центарот за социјална работа, поради постоење на состојба на судир на интереси на негово барање, а за член на Управниот одбор да ја именува Снежана Петрушев.

-Александар Костадинов, да го разреши од должноста член на Орган за надзор на ЈУ Центар за социјална работа Виница на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на Органот за надзор да ја именува Ленка Павлова.

-Арјан Даци, да го разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија – „Академик Илија Васков“ поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на УО да го именува Шкељким Селими.

-Шкодране Дарлишта да ја разреши од должноста вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје поради постоење состојба на судир на интереси.

-Амар Даут да го именува за вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје.

-Љупчо Павловски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на негово барање.

-Стојанче Манев да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Даут Хајрулахи да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Илир Селмани да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

-Билјана Симонова – Тасева да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. на нејзино барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и

-За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачјето на Велес да го именува: Александар Јаковлевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.