Владата на денешната седница усвоила Информација со која се утврдува дека 31.12.2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид.

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу  Јавното  претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.