Во австрискиот скијачки центар Ишгл со коронавирусот се заразија скијачи од пет континенти во светот.

На Здружението за заштита на потрошувачи во Австрија, кое најави колективна тужба на заразените, досега се јавиле 5.384 лица од 55 земји кои тврдат дека се заразиле во Ишгл, како и во другите скијачки центри во регионот.

Повеќето од нив се од Германија (3.680), потоа следи Холандија (526), Велика Британија (152), Белгија (151), Швајцарија (133) и Данска (82). Од Австрија на тужбата се приклучуваат 203 лица, а од САД 34.

Документирани се случаи од речиси сите страни на светот: Бразил, Сингапур, Зимбабве, Австралија, Камбоџа итн.

На тужбата се пријавели и 42 Норвежани кои се заразиле во Ишгл, а официјалниот број на болни Норвежани кои се вратиле од скијање од Австрија е 16 пати поголем.

Властите на Ишгл и покраината Тирол се обвинети дека ги заташкале првите појави на заразени случаи за да ја продолжат туристичката сезона. Така властите на Исланд ги предупредиле австриските колеги за своите заразени државјани во Ишгл, но по повеќе денови од писменото известување, немало никаква реакција, како од општинските, така и од покраинските власти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.