Периодот на многу топло време продолжува до крајот на неделава. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Според прогнозата на УХМР, минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена, а максималните дневни од 30 до 38. УВ индексот ќе достигне вредност 9.

Поради високите температури што деновиве ја зафатија државата, Министерството за здравство објави препораки за заштита. На граѓаните им се советува да престојуваат повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Треба да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.