Вчера во 09:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улица „Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.