Три лица се повредени, од кои еден потешко, во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од бул.„АСНОМ“ и сервисна улица кон хотелот „Хилтон“ во Скопје, во која мораа да интернвенираат и противпожарни екипи.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило„фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(34) од Скопје, и патничко моторно возило „сузуки балено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(47) од с.Петровец, скопско, соопшти МВР.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.